Денес вкупно 76 заразени од корона вирусот


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 52, Куманово – 2, Штип – 1, Тетово – 14, Велес – 2, Гостивар – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1 и Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје – 12, Куманово – 2, Тетово – 11 и Гостивар – 1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на Kовид-19, потврдена позитивна по прием во болница.

Вкупната бројка на Kовид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
•       Скопје 928, активни 338
•       Куманово 469, активни 55
•       Дебар 51, активни 0
•       Штип 104, активни 69
•       Прилеп 212, активни 30
•       Тетово 231, активни 86
•       Струга 84, активни 12
•       Велес 132, активни 29
•       Битола 28, активни 3
•       Охрид 23, активни 6
•       Кавадарци 5, активни 0
•       Гостивар 29, активни 8
•       Гевгелија 4, активни 0
•       Струмица 4, активни 2
•       Крива Паланка 6, активни 0
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 3, активни 0
•       Кочани 38, активни 7
•       Пробиштип 3, активни 1
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 2, активни 0
•       Пехчево 3, активни 0
•       Берово 1, активни 0
•       Валандово 2, активни 1
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 2, активни 2
•       Кичево 3, активни 1
•       Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128.  Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на Kовид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на Kовид-19.

До утрово на Клиниката за инфективни болести во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.