Тајни снимки на СЗО откриваат дека Кина забошотувала информации за Ковид-19


Снимки од онлајн состанок на СЗО покажале дека таа организација многу тешко добивала потребни информации од Кина на почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, што е спротивно со првичните пофалби кои СЗО ги упатуваше за Пекинг. Снимките, во кои имала увид агенцијата АП, покажуваат како официјални претставници на видео-средба на 6 јануари се жалат дека […]

Во првиот квартал „Луфтханза“ пријави нето загуба од 2,1 милијарди евра


Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во првите три месеци од годината забележа загуба од 2,1 милијарди евра поради намалената вредност на активата поради пандемијата со новиот коронавирус што го погоди секторот патување. Во истиот период во 2019 година „Луфтханза“ имала нето загуба од 342 милиони евра. – Негативниот резултат во првиот квартал се должи на отпис на […]

За два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај


Вкупно 27.100 барања се поднесени за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти Управата за јавни приходи, се поднесени од работодавачите и сомовработените лица во заклучно со вториот ден од јуни. – За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 […]

Повторно функционира издавањето лекови на рецепт, соопшти Фондот за здравство


Фондот за здравствено осигурување соопшти дека поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел денеска осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочиле со потешкотии и имале проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот. Проблемот, како што посочија од Фондот, е надминат и системот функционира нормално. Од […]

Курти свика седница на Владата еден час пред собраниската седница на која ќе се гласа за нова влада


 Собранието на Косово денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти за составот на новата влада и доколку ги добие потребните 61 глас ќе го заземе местото на вршителот на должноста премиер, Албин Курти, јави дописникот на […]

САД на буре барут


Јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар, нареди вчера полицијата да ги оддалечи демонстрантите кои се собраа околу Белата куќа непосредно пред телевизиското обраќање на претседателот од паркот на претседателската резиденција. Поради палење оган и деструктивно однесување на демонстрантите околу плоштадот Лафајет, зелената површина на северниот влез во Белата куќа, државниот обвинител и високи функционери на […]

Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат


Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на корона вирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин. Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за […]

Жестоки протести и во Париз против полициското насилство


Судири избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите во Париз во вторникот попладнето, откако 20.000 луѓе ѝ се спротивставија на забраната за митинг за смртта на еден црнец во полицискиот притвор во 2016 година, галванизирана од демонстрациите на САД против расизмот и смртоносно полициско насилство. Демонстрантите користеа пароли од американското протестно движење за да повикаат правда за […]

Кривичен суд: Вработениот во судската писарница е негативен на вирусот


Основниот кривичен суд Скопје, во однос на информациите објавени на некои портали и профили на социјалните мрежи од 01.06.2020 год. дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот Ковид – 19, ја информира јавноста дека посочениот колега веднаш беше упатен на тестирање и по добиените резултатит истиот е НЕГАТИВЕН НА ВИРУСОТ, за што до […]

СДСМ и ДУИ и натаму за избори на 5 јули, ВМРО-ДПМНЕ по пандемијата


За да се запазат роковите треба да се одржат парламентарни избори на 5-ти јули, повтори синоќа техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со истиот став е вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, смета дека избори треба да има дури откако ќе се стави крај на епидемијата со коронавирусот. – […]

Захарова: САД веќе никому не можат да држат лекција за човековите права


Стејт департментот на САД не може да поучува никого за почитување на човековите права при бран полициска бруталност кон новинарите кои известуваат за протести во оваа земја, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе Тасс. Таа ова пособно го потенцира затоа што американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе треба да […]

Британија планира воздушни мостови за патниците да не мора да одат во самоизолација


Aнглија– Британската Влада планира до крајот на јуни да го замени карантинот за патниците кои пристигнуваат на аеродромите, а воздушните мостови се појавија како опција, објави Телеграф. Воздушните мостови имаат за цел да им овозможат на луѓето од земји со ниско ниво на инфекција да доаѓаат во Велика Британија. На министрите за транспорт и внатрешни […]

ПЕЦ: Најмалку 127 новинари во светот починале од Ковид-19


Швајцарија– Најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот Ковид-19, се наведува во извештајот на меѓународната невладина организација Прес емблем кампањ – ПЕЦ (Press Emblem Campaign). – Медиумските работници имаат важна улога во борбата против Ковид-19. Тие се оние кои ја информираат јавноста за ширењето на заразата. Многу од овие работници починаа […]

САД: Републиканците ќе ја презакажат партиската конвенција поради корона вирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Републиканската партија ќе ја презакаже  претстојната партиска конвенција, откако не успеа да обезбеди гаранции од гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, поради ограничувањата со коронавирусот, јави ДПА. Големиот настан во оваа држава беше планиран за крајот на август, каде требаше да се случи церемонијата на официјалиото номинирање на […]

Колку смисла имаат тестовите на антитела на коронавирус?


Масовното тестирање не е метод со кој сите опасности би исчезнале преку ноќ и ќе престане потребата од разумни мерки за борба против инфекцијата   Русија, Италија, но и многу други земји сакаат масовно да ги тестираат граѓаните за да видат дали биле во контакт со коронавирусот. Но, дали на тој начин може да се […]

Минесота ја тужи полицијата поради смртта на Џорџ Флојд


Американската сојузна држава Минесота поднесе тужба за кршење на граѓанските права против полицијата во Минеаполис за смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот при интервенција на припадник на полицијата, објави гувернерот на таа држава, Тим Волц. Тој рече дека Канцеларијата за човекови права во Минесота ќе ги истражи полициските практики во последните десет години.– […]

Анкета: Повеќето американски граѓани ги поддржуваат протестите во САД


Повеќето американски граѓани ги поддржуваат протестите низ целата земја по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и се спротивставуваат на одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп на протестите, се наведува во истражувањето спроведено од Ројтерс и Ипсос. Во анкетата, спроведена вчера и завчера, 64 проценти од возрасните Американци изјавиле дека „имаат сочувство кон луѓето кои […]

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во пладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен и западен превец. Минималната температура ќе се движи до 11 степени, а максималната ќе биде во интервал од 16 до […]

Џонсон: Британија ќе ги смени правилата за имиграција ако Кина наметне закон на ХонгКонг


Велика Британија ќе ги смени правилата за имиграција доколку Кина го спроведе законот за безбедност во Хонг Конг, рече британскиот премиер Борис Џонсон. – Од примопредавањето во 1997 година, постоеше вреден концепт според клучот „една земја, два система“, загарантиран во Уставот на Хонг Конг и на кој се заснова заедничката декларација потпишана од Велика Британија […]

До утре ќе се знае дали викендов ќе има нови рестриктивни мерки против Ковид-19


Комисијата за заразни болести најдоцна до утре ќе одлучи дали ќе предложи враќање на рестриктивните мерки за време на продолжениот викенд, пред христијанскиот празник Духовден. – Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку денови, сигурно до четврток, имајќи предвид дека и в петок има празник, кога може да се случи граѓаните да не ги почитуваат […]