Ѕвездите протестираат против полициската бруталност и расизмот во САД


САД – Многумина од познатите личности од САД се приклучија на протестите против полициската бруталност и против расизмот во земјата. Меѓу ѕвездите кои излегоа на улица, се и: холивудските глумци Џејми Фокс, Теса Томпсон, Ник Кенон, пејачката Камила Кабело… – Ние не се плашиме да застанеме во отпорот. Не се плашиме од мигот!, изјави оскаровецот Џејми Фокс […]

Писмо од Раде Шербеџија до Горјан Тозија-Медo: Не се предавај, треба да снимиме уште нешто со сјајните македонски филмаџии


Драг мој пријателе. Жал ми е што поминуваш низ сите овие каубојски напади по разноразните социјални мрежи и портали во Македонија и Хрватска, кои баш и не се така социјални и демократски и кои станаа тренд во последно време, а и начин да се пресметаат со ставовите на политичките неистомисленици. Тоа е можност за сите […]

Нови четири жртви од Ковид-19 и 101 заболен


Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката […]

„Лидл“ влегува во Македонија?


Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, објави специјализираниот месечник „InStore“ повикувајќи се на свои извори. „Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нашите извори кажуваат дека подготовките на ‘Лидл’ веќе се влезени во сериозна фаза“, пишува месечниот магазин. Сепак, како што додаваат, од седиштето на компанијата […]

Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19


Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус. Тој нагласи дека извештајот на новинската агенција не е вистинит. Претходно, АП објави дека снимки од состанок на СЗО, во кои агенцијата имала увид, наводно покажале дека таа […]

За месец мај исплатени над 156 милиони денари на невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци


На 16.012 невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци исплатени се 156.649.277 денари за месец мај, информираат од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. Паричниот надоместок се исплатува согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата […]

Пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје


Црвениот крст на Град Скопје ја продолжува активната поддршка на граѓаните од ранливите групи кои се директно погодени од Ковид-19 пандемијата на територија на главниот град. Во текот на денешниот ден тимовите на Црвен крст на Град Скопје започнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети донирани преку финансиската помош од компанијата Империал Тобако ТКС Скопје. Овие […]

ОКТА и вработените со еко акција донираа пречистувачи на воздух на Детската клиника во Скопје


Компанијата ОКТА заедно со своите вработени донираше пречистувачи на воздух на Клиниката за детски болести во Скопје преку организирање еко акција за собирање електричен и електронски отпад. Еколошката активноста што се спроведе во месец март годинава, пред почетокот на кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, имаше за цел да ја подигне свеста за правилно ракување со […]

Папата ги осуди и расизмот и насилните протести во САД


Папата Франциск денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, по рачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.Тој, исто така, го осуди насилството како „самодеструктивно и самопоразувачко“. Поглаварот на Римокатоличката црква со голема загриженост ги следи вознемирувачките социјални немири во САД во изминатите денови, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Папата […]

ГРЕКО: Не е доволно политичарите да се обвинуваат меѓусебно, треба и пресудирми и конкретни резултати во Северна Македонија


Владите и носителите на јавни функции треба да бидат примерни во почитувањето на мерките за спречување на корупцијата и стандардите за транспарентност, вели антикорупциското тело на Советот на Европа – ГРЕКО, во својот годишен извештај објавен денеска. Во извештајот се разгледуваат мерките преземени во 2019 година во земјите членки на Советот на Европа за да […]

Избрани победниците на натпреварот „Зелени идеи“


Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ што годинава се одржа во онлајн формат. За најдобри се избрани идеите „Вајс адитив“ на ВАЈС Груп ДООЕЛ – Скопје,  „Пријатели на пчелите“ на Здружение јадрена група на пчелари од Брегалничкиот регион „Меден Исток“ кои ќе се натпреваруваат за поддршка од 10.000 долари, […]

Полицајци си правеле забава среде епидемија


Околу петнаесетина граѓани, од кои половина биле полицајци, синоќа биле приведени откако и покрај забраната за групирање, правеле забава, во кратовското село Куклица, дознава “Фокус”, од доброупатени извори. Полицијата реагирала откако соседи пријавиле дека некој прави забава. На терен излегла полицијата од полициска станица Кратово, но наводно морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи […]

Шведска признава дека требало да воведе рестриктивни мерки


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е застапник на стратегијата да не се затвори земјата поради пандемијата на новиот коронавирус, денеска призна дека требало да бидат воведени рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Тегнел изминатите месеци го бранеше својот пристап како одржлив, истовремено критикувајќи ги другите земји поради нивните престроги рестриктивни […]

Воз удри бегалец од Авганистан кај Криволак


Бегалец од Авганистан, вчера бил удрен од воз и со тешки повреди бил пренесен на скопските клиники. Имено, вчера во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан. […]

САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците за Духовденската задушница на гробишта само најблиските


Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни, да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции. – Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од […]

Контровезен црногорски бизнисмен избоден во затвор


Црногорскиот бизнисмен Ранко Радуловиќ е прободен со нож во црногорскиот затвор Реманд. Како што дознава црногорскиот „Вијести“, му биле нанесени две убодни рани, а администрацијата на УИКС неофицијално соопштила дека Н.Д кој бил близок до кланот Кавац, при прошетката го прободел со импровизиран нож.

Светска банка: Какви чекори да се преземат сега за да се обноват економиите од корона кризата


Обезбедување основни јавни услуги, насочувањето пари директно на луѓето и одржување на приватниот сектор ќе ја ограничи штетата и ќе помогне во подготовките за закрепнување, смета Светска банка Пандемијата на коронавирус (СОВИД-19) и ставањето под клуч на економиите се сериозен удар за глобалната економија, а особено за посиромашните земји. Земјите во развој и меѓународната заедница […]

Денес околу 100 нови позитивни на Ковид-19


 Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Неофицијално бројката стигнува до 115 случаи. Истите извори посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје. Поради големиот број заразени, се очекува […]

На 392 лица им се издадени решенија за изолација во изминатото деноноќие


Во изминатото деноноќие (2-3 јуни) на територијата на државата на 392 лица им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така, […]

Нов Зеланд најави укинување на мерките за физичка дистанца


Нозеландската премиерка Џасинда Ардем денеска изјави дека веќе од следната недела можно е да бидат укинати сите мерки на физичка (социјална) дистанца, за да може земјата да се врати во нормалниот живот, но не и оние мерки поврзани со отворање на границите. Ардем завчера најави дека во понеделник ќе го разгледа прашањето дали земјата е […]