Воз удри бегалец од Авганистан кај Криволак


Бегалец од Авганистан, вчера бил удрен од воз и со тешки повреди бил пренесен на скопските клиники.

Имено, вчера во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан.

Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино.