Полицијата реагирала откако соседи пријавиле дека некој прави забава. На терен излегла полицијата од полициска станица Кратово, но наводно морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.

 

За инцидентот бил информиран и дежурен обвинител, кој постапува по членовите 205 и 206, односно непостапување според здравствени прописи за време на пандемија.

Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција.

– Околу 21 часот било пријавено во Одделот за внатрешни работи Кратово дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од КОВИД-19. Веднаш се превземени мерки и известен е јавен обвинител, по чии насоки на лице место излегле полициски службеници. При увидот констатирано е дека на приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и во истиот момент биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик, информираат од МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.