Во Србија нема починати, но има 69 новозаразени од корона вирусот


Во изминатите 24 час во Србија нема починати како послеица од корона вирусот, но има 69 новозаразени. Во изминатиот ден биле направени тестови на 5.110 лица. Моментално се хоспитализирани 466 пациенти, од кои 11 се наоѓаат на респираторни машини. Од почетокот на пандемијата во Србија се излекувани 6.852 лица.

Рот: Се надеваме првата Меѓувладина конференција со Скопје и Тирана да се одржи наесен


Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен, јави дописничката на МИА од Брисел. Меѓувладината конференција го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје. Рот, кој денеска […]

Османи предлага ковид коoрдинатор во сите фирми


Отворање на нова позиција на ковид координатор во секоја институција и во секоја компанија. Тоа го препорача денеска од Штип координаторот на Општинските кризни штабови, Бујар Османи. Вицепремиерот смета дека оваа болест и епидемија ќе трае и за да се заштитиме од економски загуби, најдобро е да се обезбеди човек, кој ќе се грижи за […]

Грција нема издадено никаква дополнителна забрана за влез на македонски државјани


Во Грција и не постои никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани освен постоечките одлуки, јави дописничката на МИА од Атина Согласно издадената министерска одлука на 14 мај 2020 година, до 15 јуни во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно упатствата од Агенција за цивилно воздухопловство, до 14 […]

За половина од новозаразените не се знае изворот


Не е познат изворот на зараза кај речиси половина од заразени случаи последнава недела, откако корона вирусот зеде нов замав во земјава, јавува Канал 5. Според податоците од Институтот за јавно здравје, 46 отсто од заразените во последните седум дена, немале контакт со заразен, а потврден случај. Или, од вкупно 356 заразени, колку што се […]

Новите податоци покажуваат дека во Британија има 10.000 повеќе жртви од пријавеното?


  Бројот на починати од Ковид-19 во велика Британија денеска надмина 50.000, според официјални податоци до кои дојде Ројтерс. Новите податоци од Шкотска покажуваат дека бројот на починати се зголемил на 50.059 во моментот кога премиерот Борис Џонсон се обидува да ги ублажи рестриктивните мерки, наведува агенцијата. Податоците на британската агенција за починатите се состојат […]

Граѓаните не треба да аплицираат за платежна картичка, на интернет ќе проверат дали се корисници


Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, соопшти денес Владата. Од таму објаснуваат дека соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, […]

Повеќе од 600 медицински сестри починаа од Ковид-19 во светот


Во светот повеќе од 600 медицински сестри починаа од новиот корона вирус, со кој, според проценките, се заразени околу 450.000 здравствени работници, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри. Бројот на смртни случаи меѓу медицинските сестри е повеќе од двојно зголемен минатиот месец, покажува извештајот врз основа на податоците од над 30 земји. – Во […]

Дел од раководството на УЈП во самоизолација


Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска. Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40. Согласно епидемолошката анализа којашто […]

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство


Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана насилна смрт, а во извлекувањето на телото интервенираа Противпожарната единица на Град Скопје и полицијата. Случајот го потврдија од СВР Скопје од каде информираа дека станува збор за 76-годишниот Г.Б. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот […]

Меѓу пациентите со корона во битолската болница нема битолчани


Нема битолчани меѓу осумтемина хоспитализирани пациенти со Ковид-19 на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Овие пациенти се од Струшко-охридскиот регион, пренесува порталот апла.мк. Директорката на болницата, Билјана Гагачовска, одговарајќи денеска на новинарско прашање рече дека осумте пациенти со Ковид-19 се во „средно тешка состојба, двајца од нив се поставени на кислородна поддршка, а утрово […]

Османи: Преговарачката рамка на ЕУ ќе биде објавена на 9 или 10 јуни


Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, најави денеска од Штип, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, потенцирајќи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка. Османи нагласи дека откако Европската комисија ќе […]

Стапката на невработеност во еврозоната во април се искачи на 7,3 отсто


Стапката на невработеност во еврозоната во април изнесува 7,3 проценти, што е за 0,2 отсто повеќе во споредба со март, објави денеска Агенцијата за статистика на Европска Унија (Евростат). Во април за 0,2 проценти во споредба со март, е зголемена стапката на невработеност и во ЕУ и изнесува 6,6 проценти. Во ЕУ во април околу […]

Од 1 јули Грција речиси целосно во „нормала“


Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките, кои денеска ги презентираше заменик-министер за развој и инвестиции на Грција, Никос Папатанасис. Во сабота […]

Во градинките во Штип потврдени два позитивни случаи на Ковид-19


Скринингот што Министерството за здравство го спроведува во градинките во земјава, покажаа двајца заболени во градинки во Штип. Според Министерството за здравство, на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип. Од 974 теста 132 се во рамките на скринингот.

Израелската војска се подготвува за анексија на палестинска територија


Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц му наложи на шефот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ги забрза подготовките, со што се остава простор за размислување дека Владата е подготвена за евентуална најава за анексија во следните неколку недели, објави Си Ен Ен. Пораката се сфаќа како упатство за ИДФ да се подготви за можно […]

Затворена уште една конфекција во Штип


Денеска дополнително затворена е уште една конфекција каде има потврдено заболен од Ковид-19 во Штип, одлучи на состанок Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот присуствуваа и претставници од СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ДСЗИ, АРМ, директор на Клиничка болница, претставник од конфекционерите, претставник од „Гласен текстилец“, а дополнително на овој […]

Ќе се следат трендовите, па ќе се договараат изборите


Овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, како и за комуникација меѓу политичките партии, за да се постигне консензус за датумот за предвремените парламентарни избори, смета вицепремерот за европски прашања Бујар Османи. Тој при денешната посета на Штип изјави дека токму дополнителните две недели вонредна состојба им даваат простор […]

ЕК го класифицира Ковид-19 како “средна закана“, силни критики во Европарламентот


Европската Комисија денеска соопшти дека “врз основа на научно експертски мислења“ ја ревидира директивата на ЕУ за биолошки агенси за да го додаде Ковид-19 како закана од Трет степен, социјалдемократите во Европскиот Парламент најавуваат блокада на одлуката, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ревидираната директива на ЕУ за биолошки агенси ги вклучува ризиците што ги […]

Избрана новата Влада на Косово предводена од Авдулах Хоти


Собранието на Косово со 61 глас „за“ 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада, која ќе ја води кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Кабинетот на Хоти, според неговиот предлог кој го изнесе пред пратениците, ќе има четворица заменици премиери и 15 министри кои […]