Стапката на невработеност во еврозоната во април се искачи на 7,3 отсто


Стапката на невработеност во еврозоната во април изнесува 7,3 проценти, што е за 0,2 отсто повеќе во споредба со март, објави денеска Агенцијата за статистика на Европска Унија (Евростат).

Во април за 0,2 проценти во споредба со март, е зголемена стапката на невработеност и во ЕУ и изнесува 6,6 проценти. Во ЕУ во април околу 14,08 милиони луѓе биле невработени, од кои 11,92 милиони во еврозоната.

Во однос на март 2020 година бројот на невработени во ЕУ се зголемил за 397.000 луѓе, а во еврозоната за 211.000.

Според податоците на Евростат, најголем број млади лица изгубиле работа. Невработеноста на младите е посебно акутна во Шпанија, Франција и Италија.