Затворена уште една конфекција во Штип


Денеска дополнително затворена е уште една конфекција каде има потврдено заболен од Ковид-19 во Штип, одлучи на состанок Општинскиот штаб за заштита и спасување.
На состанокот присуствуваа и претставници од СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ДСЗИ, АРМ, директор на Клиничка болница, претставник од конфекционерите, претставник од „Гласен текстилец“, а дополнително на овој состанок присуствуваше заменик претседателот на Владата и координаторот на општинските штабови, Бујар Османи.
Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните одлуки:
–      Денеска дополнително е затворена уште една конфекција каде што се потврдило дека има заболен од Ковид 19 и сите вработени ќе бидат тестирани
–      Вработените во овие 6 конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните.
–      Градскиот пазар на ден 05.06.2020 г. (петок) делумно ќе биде отворен за работа само со прехрамбени производи
-ТППЕ и ЈП Исар продолжуваат со дезинфекција на јавно прометни површини, маалски улички и сокаци со цел таргетот да го прошириме надвор од централното градско подрачје.
–      Централниот кризен штаб предлага во текстилните фабрики по едно лице координатор за Ковид- 19, кое ќе следи и укажува на почитување на мерките и препораките .
Апел до сите граѓани на сериозност, да не се шират лажни вести дека вирусот не постои и е измислица. Вирусот е присутен и состојбата е многу сериозна, сите заеднички мора да бидеме на висина на задачата во борбата со Ковид 19.
Ние продолжуваме да се бориме за колективна заштита на граѓаните, велат од општинскиот штаб.

Бараат подигање на личната одговорност и почитувањето на препораките кои ќе придонесат да се победи овој вирус.
Да продолжиме да ги почитуваме мерките за носење маска, миење раце и држење на дистанца, само така ќе ја намалиме бројката на новозаболени граѓани.