Меѓу пациентите со корона во битолската болница нема битолчани


Поради скандалот во одделението за гинекологија во Битолската болница полиција поднесе кривични пријави за лекарите до oбвинителството

Нема битолчани меѓу осумтемина хоспитализирани пациенти со Ковид-19 на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Овие пациенти се од Струшко-охридскиот регион, пренесува порталот апла.мк.

Директорката на болницата, Билјана Гагачовска, одговарајќи денеска на новинарско прашање рече дека осумте пациенти со Ковид-19 се во „средно тешка состојба, двајца од нив се поставени на кислородна поддршка, а утрово имам информација дека се стабилни. Пациентите се од Струшко-охридскиот регион“.

До вчера четворица пациенти биле позитивни, а тројца суспектни, а имало уште еден во друг дел во Инфективното одделение кој е за суспектни пациенти. „За тројцата пристигнаа негативни резултати, а вчера попладе и вечерта пристигнаа четири нови Ковид-19 позитивни пациетни. Во Битола нема хосптализиран пациент од Битола“, изјави директорката Гагачовска.

Според денешното известување на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата во Битола се регистрирани 28 инфицирани лица од корона вирусот, а активни случаи има само три.