Најголем дел се заразиле со одење на гости, на ручеци и вечери


До пред три денови точно ги зневме кластерите во Скопје, вели директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери  во гостувањето на Топ Тема. Според него најголемиот број на новозабоелни регистрирани во Скопје се членови на исти семејства. -Во Скопје имаме 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од бројот на новозаболени во градот. Но, […]

Мухамед Зекири и семејството се во болница


Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашнава прес-конференција соопшти дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка се хоспитализирани. Филипче рече дека нивните симптоми се поблаги и дека имаат само зголемена темепреатурта. Тој уште додаде дека епидемиолошки се испитуваат сите контакти на Зекири во деновите пред да биде тестиран позитивно на вирусот.

Сотирова-Бухова: Во моментов има околу 25 активни кластери со корона вирусот


Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во емисијата “Топ тема” на Телма телевизија, даде осврт за актуелниот број на заразени здравствени работници со коронавирус, како и за тестирањето на мешаните полициски патроли и останатите активни кластери во државата. „Здравствените работници во моментов се можеби исправени пред најголемиот предизвик на столетието. Меѓутоа, последните […]

Шведска ја надмина Франција по смртни случаи на еден милион жители


Шведска сега има 450 смртни случаи на еден милион жители   Бројот на смртни случаи по глава на жител од појавата на корона вирусот во Шведска сега го надмина оној на Франција, а земјата исто така забележа раст на инфекциите, како резултат на објавувањето на претходно задржаната статистика од лабораторијата за тестови во Стокхолм. Според […]

(Видео) Владата го прифати предлогот за карантин од утре до понеделник


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти вечерва дека Владата го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на ригорозниот полициски час во одредени градови и региони во земјата. Според анализите на Комисијата, на  неколку локации во земјата има брзо ширење на вирусот поради грубо непочитување на мерките, и тоа во Скопје, во Куманово, […]

Чулев го активира ВМРО во МВР(О)


ЕРОЛ РИЗАОВ Нова предизборна стратегија на Христијан Мицкоски е за жртвите од епидемијата и загубите од економската криза да ја обвини власта, а МВР, по диктат на Чулев, да поднесува кривични пријави против носители на јавни функции (Колумна за Дојче веле)   Едно мало потсетување на блиското минато е неопходно за разјаснување на денешната хаотична […]

Жерновски не очекува Бугарија да не блокира за ЕУ


Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски изјави дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, неспорноста на македонскиот идентитет, нашето приближување кон ЕУ, добрососедските односи со Бугарија се комплементарни, а јасна е и позицијата на МНР и на Владата. -Не сакам да коментирам со која намена […]

Вучиќ: Мерките на Приштина се „луди“, губиме еден милион евра на ден


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека новите правила на Приштина за влез на атикли во Косово се „луди“ и додаде дека допрва ќе се види дали новата влада на Приштина ќе ги повлече. Тој исто така напомена дека интересот за косовското прашање расте и во САД и во ЕУ. Како што јави допсиникот на […]

Во Турција се апсат тие што протестираат за убиството на Флојд во САД


Најмалку 29 лица, кои се собрале во Истанбул за да го осудат полициското насилство во знак на солидарност со демонстрантите во САД, се уапсени. Турската полиција ги разбила протестите доцна синоќа, откако група од околу 50 активисти ги игнорирала повиците да се разотидат. Демонстрантите носеле фотографии од убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд, како и од инцидентот […]

Османи: Владата на Хоти не ја претставува волјата на граѓаните на Косово


Претседателката на Собранието на Косово и потпретседателка на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Вјоса Османи вели дека новата Влада која се формира денеска и која ќе ја води нејзиниот сопартиец Авдулах Хоти, не ја претставува волјата на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Османи, која од почетокот се противеше на уривањето на […]

Трамп: Здравиот разум налага да се повика Путин на Самитот на Г7


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека здравиот разум налага дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде поканет на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7). Трамп рече дека би било полесно да се решат многу прашања доколку Путин биде на состанокот.. – Многу работи за кои зборуваме се однесуваат на Путин, рече […]

(Фото) Почесен круг на новите еко автобуси


Еден од седумте нови еколошки автобуси на ЈСП , од предвидените 33 денес имаше пробно возење низ центарот на Скопје. Го улови нашиот фоторепортер Борис Грданоски. Автобусите на германскиот производител „МАН“ се паркирани во гаражата во Автокоманда и ќе се движат на гас, за да придонесат за почист воздух во главниот град. За еко автобусите […]

Катица Јанева се соблекла по долна облека во ДЗР?


Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, јавува Телма. На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана […]

Уапсен сенаторот кој го продаде својот глас за 3 милиони евра


  Во Рим уапсен е Серџо Де Грегорио, поранешен италијански сенатор и поранешен новинар. Тој на пошироката јавност ѝ стана познат откако се утврди дека за три милиони евра го продаде својот глас на некогашниот премиер Силвио Берлускони и така овозможи пад на владата на исто така поранешниот премиер Романо Проди во 2008 година, пишува […]

Во Куманово 12 новодијагностицирани, од кои 10 се од Општина Липково


Од вкупно 12 заболени кои ги евидентира Центарот за јавно здравје Куманово како новозаболени во последниве 24 часа, 10 се од Општина Липково, двајца се од  Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој кажа дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково. -Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, […]

Се предлага карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од 21 часот во четврток до 5 часот во понеделник


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот. Воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите […]

Задолжителен тест на граница, ако не, државен карантин


Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата во рамки на прогласената вонредна состојба на територијата на државата предизвикана од епидемијата од “COVID 19“, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да […]

Михајлоски: Кој може мене да ми објасни од што почина татко ми, ако „нема корона“?


„Не постои корона вирус, тоа е обичен грип“! Колку пати сте ја слушнале оваа реченица? Скопјанката В.Р. (47) вели дека ја слуша речиси секој ден во нејзината непосредна околина. „Ја шират необразовани лица, но за жал, некогаш ја слушам и од образовани“, објаснува таа за ДВ. Со личен пример на заштита и мерки за дезинфекција, […]

Корона кризата без работа остави 11.904 лица, најмногу во преработувачката индустрија


Во периодот  годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени лица, за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување, информираат од  Агенција за вработување. -Од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени поради престанок на работниот однос,  5.703 лица (47,9%) се поради истек на договор за вработување на определено време, […]