Катица Јанева се соблекла по долна облека во ДЗР?

Фото: Б. Грданоски

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, јавува Телма.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

Јанева во Државниот завод за ревизија е повикана бидејќи беше одговорно лице на СЈО, за да и биде презентиран извештајот за извршената ревизија на усогласеност . Таму бил присутен и обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистрагата за високите бонусите на СЈО.

Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО.