Уапсен сенаторот кој го продаде својот глас за 3 милиони евра


 

Во Рим уапсен е Серџо Де Грегорио, поранешен италијански сенатор и поранешен новинар.

Тој на пошироката јавност ѝ стана познат откако се утврди дека за три милиони евра го продаде својот глас на некогашниот премиер Силвио Берлускони и така овозможи пад на владата на исто така поранешниот премиер Романо Проди во 2008 година, пишува „Ла Република“.

Според признанието Де Грегорио за својот глас парите ги добил директно од Берлускони.

Подоцна се обиде меѓу членовите на парламентот да ги придобие оние кои биле подготвени како и тој, да го продадат својот глас, но откриен е откако еден од парламнетарците го снимал разговорот во кој Де Грегорио го наговара на корупција. Овој пат Де Грегорио заврши во затвор како дел од групата за изнудување пари, закани и рециклирање пари, а го пријави римски сопственик на ресторан од кого барал 80.000 евра за да го „остават на мира“.

Де Грегорио бил член и мозок на шет фиктивни претпријатија кои служеле за прикривање на протокот на големи суми пари чие потекло не било можно да се открие.

Според наодите на полицијата, од претпријатијата се запленети 470 милиони евра. Како што пишува „Ла Република“, Де Грегорио имал врски со криминални групи, а свои контакти имал и во тајните служби. Во обвинението стои „дека Де Грегорио е мозок на групата и криминалец од висок ранг и исклучително паметен“.