(Фото) Почесен круг на новите еко автобуси


Фото: Б. Грданоски

Еден од седумте нови еколошки автобуси на ЈСП , од предвидените 33 денес имаше пробно возење низ центарот на Скопје. Го улови нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

Автобусите на германскиот производител „МАН“ се паркирани во гаражата во Автокоманда и ќе се движат на гас, за да придонесат за почист воздух во главниот град.

За еко автобусите лани се пофали градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Заштедата што ќе ја направиме со овие 33 автобуси е 700.000 евра годишно – нагласи Шилегов,лани, на панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“.

Парите за автобусите се обезбедени преку Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, кој беше потпишан во јануари годинава. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП „Скопје“ треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси), соопштија лани од сообраќајното претпријатие.

Беше планирано  новите автобуси да се пуштат во сообраќај во април, годинава. Допрва ќе се одлучи на кои релации ќе сообраќаат новите еко-автобуси .

Еко-автобусите имаат повеќе предности. Тие ќе овозможат побрз и пофункционален јавен превоз, а значително ќе се придонесе и за подобрување на квалитетот на воздухот.