Новите податоци покажуваат дека во Британија има 10.000 повеќе жртви од пријавеното?


 

Бројот на починати од Ковид-19 во велика Британија денеска надмина 50.000, според официјални податоци до кои дојде Ројтерс.

Новите податоци од Шкотска покажуваат дека бројот на починати се зголемил на 50.059 во моментот кога премиерот Борис Џонсон се обидува да ги ублажи рестриктивните мерки, наведува агенцијата.

Податоците на британската агенција за починатите се состојат од податоците од посмртниците во кои се споменува Ковид-19 како причина за смртта во Англија, Велс и Северна Ирска до 22 мај и во Шкотска до 31 мај.

За разлика од податоците кои владата дневно ги соопштува, посмртниците во кои се спомнува Ковид-19 вклучуваат и сомнителни случаи. Податците на Ројтерс ги вклучуваат и починатите во англиските болници по 23 мај и во Велс и во Северна Ирска.