Во Зоолошката градина во Скопје пронајдена експлозивна направа


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера попладнево во кругот на Зоолошката градина во Скопје била пронајдена експлозивна направа. – На 01.05.2020 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од …

Во Зоолошката градина во Скопје пронајдена експлозивна направа Read More »

Во Британија ќе почне лекувањето со крвна плазма на заболените со Ковид-19


Евентуалниот третман на корона вирусот со употреба на крва плазма од излечени пациенти од Ковид-19 ќе биде испитуван од лекарите во лондонската болница „Гај и свети Томас“. Првите донации на плазма се собрани и трансфузиите ќе започнат во „наредните недели“, се вели во соопштението на болничкиот центар за биомедицински истражувања. Болницата се надева дека можниот …

Во Британија ќе почне лекувањето со крвна плазма на заболените со Ковид-19 Read More »

Страв од коронавирус: Два тима во Италија одбија да тренираат


Италија– Екипите на СПАЛ и Парма објавија дека нивните играчи нема да продолжат со тренинзите во понеделник, иако добиле зелено светло од локалните власти. – Активноста на првиот тим ќе остане суспендирана додека го чекаме здравствениот протокол и правилата за продолжување на спортот, рече СПАЛ. Позицијата на Парма е слична. Тие велат дека чекаат протокол, …

Страв од коронавирус: Два тима во Италија одбија да тренираат Read More »

Шпанија олеснува карантински мерки, носењето заштитни маски во јавен транспорт задолжително


Шпанија – Носењето заштитни маски на јавниот превоз во Шпанија ќе биде задолжително од понеделник за да се спречи ново зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус бидејќи државата постепено излегува од изолација, рече денеска премиерот Педро Санчез. Владата, која досега само „силно препорачуваше“ употреба на маски, в понеделник ќе дистрибуира шест милиони заштитни маски …

Шпанија олеснува карантински мерки, носењето заштитни маски во јавен транспорт задолжително Read More »

Мик Џегер и Вил Смит со Боливуд во борбата против коронавирусот во Индија


Индија (АФП) – Рок-легендата Мик Џегер и холивудскиот актер и пејач Вил Смит ќе бидат меѓу десетици меѓународни и боливудски sвезди кои учествуваат на четиричасовниот концерт утре (в недела) за да соберат средства за битката против коронавирусот во Индија, каде бројот на случаи е во пораст. Капитенот на крикет во земјата, Вират Кохли, актерите Пријанка …

Мик Џегер и Вил Смит со Боливуд во борбата против коронавирусот во Индија Read More »

Од Турција вратени 102 македонски студенти


Министерството за надворешни работи информира дека 102 студенти од Северна Македонија кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјата. Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и …

Од Турција вратени 102 македонски студенти Read More »

Шпанците ги преплавија улиците и плажите


Илјадници Шпанци денес излегоа надвор да шетаат, џогираат или да возат велосипед, откако им беше дозволено вежбање на отворено за прв пат по 48 дена. Од 14 март на граѓаните им беше дозволено да ги напуштат своите куќи само да одат на работа, супермаркети и аптеки или да го прошетаат кучето. Весникот „Ел паис“ објави …

Шпанците ги преплавија улиците и плажите Read More »

Вонредната состојба во Франција продолжена до 24 јули


Француската влада донесе одлука да се продолжи за два месеца, до 24 јули, вонредна состојба поради епидемијата со Ковид-19, јавија француски медиуми повикувајќи се на министерот за здравство Оливие Веран. Вонредната состојба е на сила од 24 март во државата и се очекуваше да биде укината на 23 мај. Но, властите соопштија дека ќе биде …

Вонредната состојба во Франција продолжена до 24 јули Read More »

Борис Џонсон му даде уникатно име на новородениот син


Aнглија– Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и свршеницата Кери Симондс (32) го открија името на нивниот новороден син: Вилфред Лори Николас Џонсон. Во објавата на Инстаграм, тазе мајката ги откри повеќекратните специјални значења зад името на нивното мало момче. Tој е именуван по дедото на нејзиниот партнер Вилфред и нејзиниот дедо Лори. Името Никола беше …

Борис Џонсон му даде уникатно име на новородениот син Read More »

Во Франција прв случај на мачка позитивна на коронавирус, ја заразил сопственикот


Франција – Франција соопшти за прв случај на зараза со новиот коронавирус на мачка, најверојатно, заразена од нејзиниот сопственик. Тоа го соопшти денеска Институтот за ветерина во Париз (ЕНВА), од каде препорачаа заразените сопственици да одржуваат физичка дистанца од своите миленици. „ЕНВА, националната Агенција за санитарна безбедност на храна, животна средина и здравје при работа и …

Во Франција прв случај на мачка позитивна на коронавирус, ја заразил сопственикот Read More »

Анкета: Германците стравуваат да влезат во фризерски салони 


Германија–  Тринаесет отсто Германци стравуваат и тешко дека ќе посетат фризерски салони, откако ќе биде дозволено отворање в понеделник, јави ДПА. Агенцијата објави социолошко истражување од страна на ЈуГов, откако фризерски салони останаа затворени во Германија повеќе од шест недели. Дваесет и пет проценти од испитаниците рекле дека имаат мала загриженост додека 11 проценти од …

Анкета: Германците стравуваат да влезат во фризерски салони  Read More »

„Балконската војна со тенџериња“ во Србија премина во политичка (видео)


„Балконската војна со тенџериња“ како што ја нарекоа медиумите бучавата предизвикана од удирањето со тенџериња, свиркања, музика и факели, која во знак на „протест против диктатурата“ и „подршка за власта“ веќе четири дена се одвива по терасите, прозорците и крововите на зградите во Србија за време на полицискиот час, како што јави дописникот на МИА …

„Балконската војна со тенџериња“ во Србија премина во политичка (видео) Read More »

Пукна брана во Узбекистан – евакуирани илјадници


Узбекистан и Казахстан евакуираа десетици илјади жители покрај коритото на реката Сир Дарија откако дојде до пукање на акумулациската брана на узбекистанска страна. Кога браната пукна, поплави големи подрачја од двете страни на границата, соопштија владтите во саботата. Узбекистан потоа евакуира околу 70.000 луѓе од 22 села во погоденото подрачје, пренесе Ројтерс. Од друга страна, …

Пукна брана во Узбекистан – евакуирани илјадници Read More »

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката


Вкупно   356  барања  за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на  вчерашниот ден. Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на плати за април и мај, која беше изменета и дополнета вчера, Управата за јавни приходи го постави образецот БФП-ИП согласно измените и го овозможи …

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката Read More »

Лабораторијата „Жан Митрев“ згрешила за тројца пациенти – тие се негативни на Ковид-19


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје -19, Куманово – 25, Прилеп – 1, соопшти Министерството за здрваство. Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид – 19 и тоа во Скопје – 2, Куманово – 7, Прилеп – 4, Тетово – 1, …

Лабораторијата „Жан Митрев“ згрешила за тројца пациенти – тие се негативни на Ковид-19 Read More »

СДСМ е за избори веднаш штом се стабилизира епидемијата


На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции, изјави денес на прес-конференција генералниот секртетар на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој нагласи дека на граѓаните им се потребни функционални институции, а пред се функционален парламент. „Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, …

СДСМ е за избори веднаш штом се стабилизира епидемијата Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на Пендаровски за проблемот со Бугарија е незрело


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска се нафрли врз претседателот на државата, Стево Пендаровски, затоа што синоќа во интервјуто за емисијат „360 степени“ на Алсат изјави дека нема намера на претстојната лидерска средба да ја стави на дневен ред Изјавата на Бугарија придодаден на едногласниот заклучок на ЕУ за почеток на преговори. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го …

ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на Пендаровски за проблемот со Бугарија е незрело Read More »

Астронаутите се вратија на Земјата по 200 дена – поосамени се овде


Тројца астронаути кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица денеска успешно се вратија на Земјата и слетаа во Казахстан. Како што јави Дојче веле, астронаутите се вратија дома во сред пандемија до корона вирус, а ги заменија колегите кои претходно поминаа еден месец во карантин. Во тој период немаа прилика да се видат со своите семејства …

Астронаутите се вратија на Земјата по 200 дена – поосамени се овде Read More »

ЕУ: Нема патување на годишен одмор?


Кога и како ќе бидат повторно отворени границите за патнички сообраќај, моментно никој не може да каже со сигурност, смета германскиот парламентарен државен секретар Томас Барајс, кој во германското Министерство за економија е задолжен за туризам. „Малку веројатно е дека германските туристи летово ќе патуваат во Шпанија или Грција“, оценува Барајс. Поизгледно е дека Германците …

ЕУ: Нема патување на годишен одмор? Read More »

„Тајмс“: Албанците најбројни странски државјани во британските затвори


Албанија – Бројот на Албанци во затворите во Велика Британија зголемен е за четирипати во споредба со 2013 година и тие ја сочинуваат етничката заедница која е најбројна во британските затвори, објавуваат албанските медиуми повикувајќи се на „Тајмс“. – Албанците сочинуваат една десетина од затворениците со странско државјанство во Англија и Велс и покрај преземените мерки. …

„Тајмс“: Албанците најбројни странски државјани во британските затвори Read More »