Лабораторијата „Жан Митрев“ згрешила за тројца пациенти – тие се негативни на Ковид-19


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје -19, Куманово – 25, Прилеп – 1, соопшти Министерството за здрваство.

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид – 19 и тоа во Скопје – 2, Куманово – 7, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 1.

Лабораторијата на „Жан Митрев“ достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се, всушност, негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во „Жан Митрев“ уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резултати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61-годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.