Борис Џонсон му даде уникатно име на новородениот син


LONDON, March 10, 2020 -- British Prime Minister Boris Johnson R and his partner Carrie Symonds leave the Westminster Abbey after attending the annual Commonwealth Service on Commonwealth Day in London, Britain, March 9, 2020. (Photo by Ray Tang/Xinhua via Getty) (Xinhua/Han Yan via Getty Images)

Aнглија– Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и свршеницата Кери Симондс (32) го открија името на нивниот новороден син: Вилфред Лори Николас Џонсон.

Во објавата на Инстаграм, тазе мајката ги откри повеќекратните специјални значења зад името на нивното мало момче.

Tој е именуван по дедото на нејзиниот партнер Вилфред и нејзиниот дедо Лори.

Името Никола беше избран во чест на двајцата доктори, д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт, кои го спасија животот на премиерот кога се бореше со коронавирусот во болницата минатиот месец.

Кери, која исто така откри дека нејзиниот син пристигнал во 9 часот на 29 април, го пофали породилниот тим во болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде се породи.

Не се споделени други детали за раѓање, вклучувајќи ја и тежината на бебето.

Бебето на двојката е шесто дете на премиерот. Џонсон има четири деца со својата втора сопруга, адвокатката Марина Вилер – Теодор, Касија, Мило и Лара. Бракот на двојката заврши во септември 2018 година, по 25 години брак.

Во 2013 година, Апелациониот суд донесе одлука дека јавноста има право да знае дека Џонсон добил ќерка за време на вонбрачната врска додека бил градоначалник на Лондон во 2009 година.