Во Британија ќе почне лекувањето со крвна плазма на заболените со Ковид-19


Евентуалниот третман на корона вирусот со употреба на крва плазма од излечени пациенти од Ковид-19 ќе биде испитуван од лекарите во лондонската болница „Гај и свети Томас“.

Првите донации на плазма се собрани и трансфузиите ќе започнат во „наредните недели“, се вели во соопштението на болничкиот центар за биомедицински истражувања.

Болницата се надева дека можниот третман ќе им помогне на пациентите со Ковид-19 чии организми не произведуваат доволно антитела за борба против оваа болест.

Ако испитувањата се покажат ефикасни ќе започне со националната програма за доставување до 10.000 единици на плазма неделно од излечени пациенти неделно до јавниот здравствен систем.

Тоа би било приближно доволно за лекување на 5.000 пациенти секоја недела.

Д-р Ману Шанкар-Хари, кој го води испитувањето, рече: „Како ново заболување, нема докажани лекови за лекување на критично болни пациенти со Ковид-19.

Давањето плазма од излекуваните на сериозно болни пациенти… би ги подобриле нивните шанси за закрепнување“.

Министерот за здравство, Мет Хенкок, рече: „Оваа глобална пандемија е најголемата итна здравствена состојба со која се соочува оваа генерација и правиме апсолутно сè што можеме за да ја победиме.

Стотици луѓе учествуваат во националните испитувања за потенцијални третмани и зголемувањето на собирањето на плазма со плазма значи дека илјадници потенцијално би можеле да имаат корист од тоа во иднина“. (Ај-ти-ви)