Мик Џегер и Вил Смит со Боливуд во борбата против коронавирусот во Индија


Индија (АФП) – Рок-легендата Мик Џегер и холивудскиот актер и пејач Вил Смит ќе бидат меѓу десетици меѓународни и боливудски sвезди кои учествуваат на четиричасовниот концерт утре (в недела) за да соберат средства за битката против коронавирусот во Индија, каде бројот на случаи е во пораст.

Капитенот на крикет во земјата, Вират Кохли, актерите Пријанка Чопра и Шах Рух Кан се некои од најголемите боливудски имиња кои ќе пеат или читаат пораки од нивните домови.

Во организација на режисерите на Боливуд, Каран Јохар и Зоја Ахтар, виртуелниот концерт ќе биде емитуван во живо од Фејсбук и ќе им оддаде почит на задравствените работници кои се борат против пандемијата.

Тој има за цел да собере милиони долари за повеќе од 100 групи кои обезбедуваат храна и други основни услуги за време на кризата.

1,3 милијарди луѓе во Индија се наоѓаат во карантин од 25 март со ограничувањата, додека неодамна мерките беа олеснети.

Карантинот особено ги погоди милиони работници мигранти заглавени во градовите со малку храна или пари. Се организираа специјални возови за да им помогнат на илјадниците работници конечно да се вратат дома.

Индија досега има пријавено 37.335 случаи на коронавирус и 1.218 смртни случаи, со повеќе од 2.000 нови инфекции во последните 24 часа.

Експертите стравуваат дека немањето доволно тестови и лошата процедура за известување значи дека бројот на починати е многу поголем.