Пукна брана во Узбекистан – евакуирани илјадници


Узбекистан и Казахстан евакуираа десетици илјади жители покрај коритото на реката Сир Дарија откако дојде до пукање на акумулациската брана на узбекистанска страна.

Кога браната пукна, поплави големи подрачја од двете страни на границата, соопштија владтите во саботата.

Узбекистан потоа евакуира околу 70.000 луѓе од 22 села во погоденото подрачје, пренесе Ројтерс.

Од друга страна, властите во Казахстан евакуираа околу 4.500 луѓе од четири села во провинцијата Туркестан, рече гувернерот Умирзак Шукејев и додаде дека некои луѓе ноќта го напуштиле тоа подрачје.

Узбекистанската влада соопшти дека успеала да го намали протокот на вода и да го пренасочи до блиското езеро.