Чулев ја потврди кривичната за Димитриевски, градоначалникот на Куманово тврди дека ќе биде прекршочна


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва потврди дека е поднесена кривична пријава против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Чулев за телевизијата 24 информира дека СВР Куманово ја поднел пријавата против Димитриевски по член 206 од Кривичниот законик истакнувајќи дека МВР постапило согласно извештајот од ДЗСИ. -Во координација со основниот јавен обвинител во текот на денешниот […]

Шпанија се надева на враќање во нормалата на крајот од јуни


Шпанскиот план за укинување на ограничувањата треба да се одвива во четири фази   Мадрид – Шпанија во вторникот објави четирифазен план за укинување на едно од најтешките блокирања од корона вирусот во Европа и враќање на нормалноста до крајот на јуни, бидејќи дневната бројка на смртни случаи падна на 301, што е помалку од […]

Реалоцирани 50 милиони евра од Светска банка за исплата на плати во приватниот сектор


Владата на денешната 47. седница ја усвои Информацијата за реалоцирање на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, во износ од 50 милиони евра, во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на платите на работниците за месеците април и […]

ЕК бара од банките поголема флексибилност и да го зголемат кредитирањето


Европската комисија (ЕК) предлага банките привремено да ги релаксираат правилата со цел да го олеснат кредитирањето на деловните субјекти и домаќинствата кои се борат со последиците од кризата на коронавирусот, изјави денеска официјален претставник на ЕУ. Доколку бидат целосно имплементирани, тие измени може да предизвикаат банките во Европа да испорачат дополнителни 450 милијарди евра заеми […]

За продадената зелка од 5 април до 5 мај земјоделците ќе добијат по три денари за килограм 


Владата на денешната седница ја донесе интервентната мерка за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство. Корисници на мерката се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Како што соопшти Министерството за земјоделство, финансиската поддршка од […]

Ким Џонг Ун се криел од короната?


Висок официјален претставник на Јужна Кореја смета дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја пропуштил прославата на роденденот на неговиот дедо на 15 април поради пандемијата на коронавирус, а не затоа што бил болен. И покрај гласините во врска со здравјето на Ким, неговото отсуство од одредени настани може да произлезе од чекорите […]

Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица


Попладнево пред 17  часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот. Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот. -Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов […]

„Туркиш ерлајнс“ нема да извршува летови до 28 мај


„Туркиш ерлајнс“  соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со корона вирусот. Ова беше објавено еден ден по изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека државата може да почне со ублажување на некои ограничувања по Рамазански Бајрам кон крајот на мај. Турција забрани патување […]

Холандскиот амбасадор им даде лалиња на здравствените работници


Корона вирусот не спречува од вообичаените активности, но не може да и запре пријателствата, креативноста и солидарноста, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Никола Димитров. Нарекувајќи ја симболичка церемонија во чест на Денот на кралот, министерот покажа дека, меѓудругото, амбасадата на Холандија решила да им оддаде признание на нашите здравствени работници подарувајќи им повеќе […]

Нема недостиг на лекови, тврдат од „Пфајзер“ и од „Мерк“


Фармацевтските лаборатории „Пфајзер“ и „Мерк“ соопштија денеска дека нивните фабрики работат нормално. Тие ги отфрлија тврдењата дека има недостиг на нивните лекови, и покрај прекините во синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата на новиот коронавирус. Санитарната криза воопшто не ја поштеди фармацевтската индустрија, која стравува од од пад на лекови на рецепт, како резултат на […]

Инвестициите во италијанското здравство на најниско ниво од 90-тите


Инвестициите во здравствениот сектор во Италија се на најниско ниво од 90-те години, објави денеска италијанскиот Национален институт за статистика (ИСТАТ). Трошоците за здравство во 2019 година беа 22,7 проценти од вкупното трошење на јавниот сектор. Здравството и пензиите сочинуваа 59 отсто од јавната потрошувачка во 2019 година, додаде ИСТАТ. Тоа ја чинело Италија вкупно […]

 Нов облик на семејно насилство – деца напаѓаат родители


Зголемените тензии во домовите натераа деца да ги напаѓаат своите родители за време на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупреди Вера Берд, повереник за жртви за Англија и Велс.Таа рече дека новиот вид семејно насилство е во пораст. – Постојат некои индиции дека постарите деца ги злоупотребуваат родителите, што веројатно сугерира дека […]

Русија гради мега катедрала со мозаици на Путин и Сталин


Русија е близу до завршување на изградбата на новата руска православна катедрала посветена на вооружените сили на земјата.Соборната катедрала од 95 метри, сместена во широк воен тематски парк и изложбен центар во близина на Москва, треба да ги отвори своите врати на 9 мај за да ја одбележи 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над […]

Може да се заразат и милијарда луѓе, а три милиони да починат


Со корона вирус во светот може да се заразат милијарда луѓе ако итно не им се помогне на ранливите држави, објави хуманитарната организација ИРЦ, пренесе Би-би-си. Меѓународниот одбор за спасување ИРЦ предупредува дека за успорување на ширењето на вирусот потребна е хуманитарна и финансиска помош. Организацијата тврди дека на „ранливите држави“ како Авганистан и Сирија […]

Повеќе од 200.000 заболени во Италија, мал пораст на смртните случаи


Вкупниот број заразени од корона вирус во Италија ја надмина бројката од 200.000, соопштија надлежните денеска. Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаразени, а вкупниот број се искачи на 201.505, пренесе Ројтерс. Забележан е и зголемен број смртни случаи – 382, што е за околу 50 повеќе од вчера, додека вкупниот број на […]

Франција ја продолжува вонредната состојба до 23 јули


Францускиот премиер Едуар Филип рече дека во парламентот ќе испрати закон со кој вонреднара состојба би се продолжила до 23 јули/ Со тоа на владата ѝ се овозможува да ја ограничи слободата на движење, работата на продавниците и собирањето, пренесува Ројтерс. Филип рече и дека карантинот, воведен кон средината на март, ќе биде укинат на […]

Макрадули: Повеќе солидарност, кон луѓето и природата


На иницијатива на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, а во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина, преку видео-конференција се одржа средба на тема „Митови и факти за влијанието на коронавирусот врз животната средина“. Како што соопшти владината прес-служба, заменик-министерот Макрадули […]

Мицотакис го соопшти планот за „враќањето во ново секојдневие“


Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа […]

Луксембург сака да ги тестира сите жители на корона вирус


Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече денеска министерот за истражување, Клод Меиш. Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург. […]

Теретаната на Мицкоски го подели МВР


Теретаната во која се гледа Христијан Мицкоски ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од опозицијата тврдат дека истрагата на МВР , т.е. на министерот Наќе Чулев, покажала дека снимката на Мицкоски како излегува од теретана е стара и нелегално добиена, додека дополнителната заменик-министерката Славјанка Петровска соопшти – дека истрагата воопшто не е ни завршена. „Денес како […]