Франција ја продолжува вонредната состојба до 23 јули


Францускиот премиер Едуар Филип рече дека во парламентот ќе испрати закон со кој вонреднара состојба би се продолжила до 23 јули/

Со тоа на владата ѝ се овозможува да ја ограничи слободата на движење, работата на продавниците и собирањето, пренесува Ројтерс.

Филип рече и дека карантинот, воведен кон средината на март, ќе биде укинат на 11 мај доколку бројот на новозаболени во еден ден падне под 3.000.