Русија гради мега катедрала со мозаици на Путин и Сталин


Русија е близу до завршување на изградбата на новата руска православна катедрала посветена на вооружените сили на земјата.Соборната катедрала од 95 метри, сместена во широк воен тематски парк и изложбен центар во близина на Москва, треба да ги отвори своите врати на 9 мај за да ја одбележи 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Катедралата привлече внимание кога на фотографиите од нејзината внатрешност беа прикажани мозаици со претседателот Владимир Путин, советскиот лидер Јозеф Сталин и анексијата на Крим од Украина како ги украсуваат ѕидовите.

Имено, еден од мозаиците на катедралата покажува како Путин и министерот за одбрана Сергеј Шогу се опколени  од истакнати политичари, меѓу кои и претседателката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко, и претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, како и функционери од безбедноста, Александар Бортников и шефот на Генералштабот на Армијата, Валери Герасимов.

Друг мозаик ја отсликува парадата на Денот на победата во Втората светска војна од 1945 година на Црвениот плоштад, со портрет на Сталин, кој се наоѓа над толпата советски војници..

„Црквата смета дека овие слики се апсолутно соодветни, како одраз на историската вистина од која не можат да се искинат страници произволно“, рече  архиерејот Леонид Калинин, претседател на советот на Руската православна црква за уметност, архитектура и реставрација. 


Имиџот на Сталин во Русија постепено се рехабилитираше во 2000-тите, така што од  крвав автократ стогна до „извонреден лидер“. Денес, неговиот рејтинг кај Русите е на историско ниво.

Според фондацијата што ги надгледува донациите за катедралата за вооружени сили, јавноста донираше повеќе од 3,6 милијарди рубљи (41 милиони американски долари) за нејзината изградба.

Се гради исто така училиште за воени свештеници и ќе се оживее институтот на сестри за добротворни цели (медицински сестри) во оваа црква на руските вооружени сили.
Покрај  витраж прозорците, занаетчиите изработиле нова православна икона за соборниот храм која е донација од претседателот Владимир Путин.

Параметрите на црквата, вклучително и висината и ширината на нејзините куполи, ќе ги одразуваат клучните датуми на Втората светска војна, а во структурата ќе бидат претставени мултимедијални штандови посветени на 33 милиони советски војници кои се бореле во војната.
Шесте златни куполи на катедралата се посветени на патроните на секоја гранка на вооружените сили.
Откако ќе биде завршена, катедралата од 95 метри ќе биде една од највисоките православни цркви во светот.