Повеќе од 200.000 заболени во Италија, мал пораст на смртните случаи


Вкупниот број заразени од корона вирус во Италија ја надмина бројката од 200.000, соопштија надлежните денеска.

Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаразени, а вкупниот број се искачи на 201.505, пренесе Ројтерс.

Забележан е и зголемен број смртни случаи – 382, што е за околу 50 повеќе од вчера, додека вкупниот број на починати сега изнесува 27.359.

Во Италија, по речиси два месеци изолација на 4 мај ќе бидат омекнати мерките воведени заради спречување на шитрењето на корона вирусот, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во регионите.