Ким Џонг Ун се криел од короната?


Висок официјален претставник на Јужна Кореја смета дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја пропуштил прославата на роденденот на неговиот дедо на 15 април поради пандемијата на коронавирус, а не затоа што бил болен. И покрај гласините во врска со здравјето на Ким, неговото отсуство од одредени настани може да произлезе од чекорите преземени неодамна во Северна Кореја за ограничување на потенцијалната појава на коронавирус, велат официјалните лица.

„Точно е дека тој никогаш не ја пропуштил годишнината за роденденот на Ким Ил  Сунг од моментот кога ја презеде власта, но многу годишни настани, вклучувајќи прослави и банкети, беа откажани заради загриженост од коронавирусот“, рече јужнокорејскиот преставник.

Северна Кореја откажа некои големи настани, воведе гранична блокада и ги зголеми карантинските мерки во обид да спречи појава на коронавирус.