Шпанија нарачала кинески тестови за корона – биле неисправни. Кинезите испратиле нови, тие исто така биле дефектни


Шпанската влада сега се обидува да си ги врати парите од компанијата Bioeasy, која немала лиценца од кинеските власти за антигенски тестови   Шпанската влада се обидува да ги врати парите што ги плати за 640.000 тестови за антигени тестови за корона вирус што ги купи преку шпански дистрибутер од кинеска компанија наречена Bioeasy. Овој […]

(ВИДЕО) Полицискиот час место во петок ќе почне во сабота попладне


Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека сите рестриктивни мерки на Владата дале одлични резултати и дека болничките капацитети не се преоптоварени, што било и целта. Анализите покажале дека се создадени услови за благо ублажување на рестрикциите за движење на сметка на мерките за лична заштита. Согласно тоа се предлагаат измени на полицискиот час, кој […]

Мајката и синот од Велес не починале во јануари, туку во март


Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека има само седум нови заразени лица  со корона вирусот во земјата, со што вкупната бројка досега изнесува 1.231 заболен. Во Центарот за јавно здравје во Велес, извести тој, е направена ротација на кадарот и сите одделенија функционираат нормално вклучително и одделот за тестирање.На Одделот за педијатрија на Детската […]

СЗО: За потеклото на вирусот – сите докази упатуваат на лилјаци


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите докази укажуваат дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина кон крајот на минатата година и не потекнува од лабораторија. – Сите расположиви докази укажуваат дека вирусот потекнува од животни и не бил направен, или манипулиран од научници, рече портпаролката на СЗО, Федела Чаиб, на […]

Генетичарка со анализа – зошто умираат повеќе мажи од компликации од Ковид-19 отколку жени


Австралија – Австралискиот генетичар Џенифер Грејвс открива зошто мажите заразени со новиот коронавирус умираат почесто отколку жените, пренесува Сајенс Алерт. Според неа, релативно високата стапка на смртност кај мажите може да се објасни со комбинација на неколку фактори, вклучително и гени, хормони, карактеристики на имунолошкиот систем и однесување. Во Италија и Кина стапката на смртност кај […]

Макпетрол: На кого во државата му одговара криминалот со „црвената нафта“?


Макпетрол АД , јави Телма, ја поддржува одлуката на Владата за покачување на акцизата на нафтените деривати, како една од пакетот антикризни мерки за стабилизирање на буџетот на државата. -Во овие моменти потребно е секоја индустрија да излезе со поддршка за спасување на економијата. Сметаме дека секој треба да покаже солидарност и да преземе дел […]

Во Прилеп се делат бесплатни маски на граѓаните


Во Прилеп од денеска се делат маски за граѓаните со цел да се обезбедат пред утрешното стапување во сила на одредбата за задолжително носење на маски при излегувањето од дома. Маските, како што вели градоначалникот Илија Јованоски се еднодневни и се делат пред банките, маркетите… Јованоски посочува дека општината се грижи за здравјето на граѓаните, […]

Оспорено кратењето на платите на судиите пред Уставен суд


Пред Уставен сум се оспорени  Уредбата за прашањата поврзани со изборите, Уредбата за платите на вработените во СЈО и за висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, пренесува „БИРН“. „Досега имаме примено вкупно три иницијативи со кои се оспорува уставноста на некои од уредбите со […]

Депозитите повисоки за 8,3 отсто, а кредитите за 5,8 отсто во првиот квартал годинава


Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал годинава останува солиден. Податоците на Народната банка покажуваат годишна стапка на раст на депозитите од 8,3 отсто, а на кредити е 5,8 отсто.  Според објавените податоци, кај депозитите е забележано раст и кај корпоративнот сектор и на секторот домаќинства, а кај кредитите поизразено е […]

Нето-платата во февруари 27.206 денари


Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206  денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 20,1 отсто, уметност, […]

Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, одлучи Владата


Акцизата на нафтените деривати се зголемува за 3 денари а сите средства ќе одат во Буџетот, односно во фондот за справување со коронавирусот, соопшти портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, […]

Полицискиот синдикат повика на истрага за апсењето на момчето со куче


Македонскиот полициски синдикат тврди дека поставениото видео на социјалната мрежа “Facebook” , на кое се забележуваат неколку полициски службеници како  лишуваат од слобода лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на полициски час, е неовластено снимено од ѓраѓанин. -Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8.500 членови […]

Излекувани 24 лица од коронавирус, седум нови случаи и еден починат


Седум нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во државава и тоа три во Тетово и по два во Куманово и во Кочани. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина 70-годишен пациент од Лабуништа, кој во тешка состојба, бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина, соопшти Министерството за […]

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во советите на АВМУ и МРТ да си дадат оставки


Повикувајќи се на ивештајот на „Репортери без граници, СДСМ ги повика кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација. -Македонија и оваа година бележи напредок кај слобода на медиумите во извештајот на […]

За Пендаровски именувањето на Лајчак за балкански посредник добра вест


Претседателот , Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан. Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за […]

ОН ни се заканува, мора да престане убивањето на загрозената патка


Трофејните слики објавени на социјалните медиуми предизвикаа меѓународни протести против  Македонија поради тоа што на странските ловџии им се дозволува да убиваат загрозени видови птици. Како последица на тоа, високи официјални претставници на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) ја повикаа владата во Скопје да го смени своето законодавство за лов без одложување. […]

Секоја четврта фирма очекува пад на производството поголем од 50 отсто


Само седум отсто од фирмите во Македонија очекуваат дека овој месец (април) ќе работат нормално, наспроти 16 отсто во март, односно дека ќе го задржат обемот на производството, покажува анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија. Анкетата беше спроведена од 7 до 14 април 2020 година. Станува збор за второ истражување на Стопанската комора […]

Од јуни дигитална Модна недела во Лондон


Англија– Утрово, британскиот Моден совет објави нова верзија на Лондонската модна недела што ќе се случи за време на претходно закажаните датуми за Модната недела во Лондон: за мажи од 12 јуни до 14 јуни 2020 година. Наместо физички ревии, Модната недела во Лондон ќе биде целосно дигитална , со содржина што излегува на страницата […]

Граѓанскиот сектор лут што им се скратија сретствата


Вкупно 73 граѓански организации, мрежи и платформи бараат Владата да ја преиспита и промени одлуката со која финансиската поддршка за невладиниот сектор се намалува за околу 525.000 евра. Одлуката е објавена во Службен весник на 9 април 2020 година, а граѓанските организации сметаат дека е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со нив и пошироката јавност. – […]