Мајката и синот од Велес не починале во јануари, туку во март


Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека има само седум нови заразени лица  со корона вирусот во земјата, со што вкупната бројка досега изнесува 1.231 заболен.

Во Центарот за јавно здравје во Велес, извести тој, е направена ротација на кадарот и сите одделенија функционираат нормално вклучително и одделот за тестирање.На Одделот за педијатрија на Детската клиника во Скопје нема нови позитивни случаи на коронавирус, освен еден лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија. Министерот Филипче смета дека контакт е мајка на дете кое требало да прими терапија на хематологија. Мајката е во домашни услови без симптоми, додека на Клиниката е спроведена дезинфекција и чистење.Направени се анкети и во врска со контактите, сите тестови се негативни, а работата на Клиниката е организирана во тимови, при што сите одделенија работат нормално.Филипче немаше информации дека нешто се крие таму.

Завршил и увидот на Судска медицина за починатите мајка и син во Велес при што е утврдено дека смртта настапила од 3 до 5 недели од моментот на проанаоѓањето, што значи во почетокот на март, така што нема потреба за натамошни истражувања.

На забелешката дека бројот на новозаболените се должи на намалените тестирања за време на празникот, Филипче рече дека тоа се очекувало и е разбирливо тој да се намали. Според него не сме се уште влезени во период кога пикот е достигнат и дека бројот ќе се намалува отсега. Овие бројки според него не преставуваат никаков сигнал дека одиме во тој правец. Тој остана на прогнозата дека пикот ќе се случи на крајот на април или почетокот на мај.

Околу тоа дали се засилени контролите во зравствените установи за користењето на мерките за заштита, бидејќи уште една докторка во Кочани е регистрирана како заболена, Филипче соопшти дека за среќа таму нема други заболени на одделението и тоа ќе се реорганизира. Тој нагласи дека не секогаш здравствените работници се заразуваат на работното место, оценувајќи дека системот за контрола на заштитните  мерки целосно функционира.

На прашањето колку од персоналот на Онколошката клиника се заболени од корона вирусот,Филипче рече дека има двајца здравствени заботници заолени, но остави простор да провери.

Дали се уште важи одлуката за ослободување од работа на хронично болните, бидејќи во практика имаат проблем со работодавачите, беше прашањето на кое министерот одговори дека апсолутно тие се ослободени и ќе бидат ослободени и натаму, а за неправилностите да се обратат на инспекциите.