ОН ни се заканува, мора да престане убивањето на загрозената патка


Трофејните слики објавени на социјалните медиуми предизвикаа меѓународни протести против  Македонија поради тоа што на странските ловџии им се дозволува да убиваат загрозени видови птици. Како последица на тоа, високи официјални претставници на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) ја повикаа владата во Скопје да го смени своето законодавство за лов без одложување.

Случајот беше изложен од Комитетот против убивањето птици (CABS), меѓународна организација за зачувување на птици, чии експерти го испитуваат степенот на туризам за лов на птици во Источна Европа.

„Организирањето  лов на птици е милионски бизнис во балканските држави, како главна дестинација на италијанските ловџии“, рече офицерот за криминал врз дивиот свет на CABS,  Андреа Рутиљијано.

Тој додаде дека секоја година илјадници италијански љубители на лов патуваат во земји од регионот за да ги искористат лошите закони за зачувување на животинското богатство и ефтините цени за убивање на видовите кои се заштитени во Италија и во остатокот од Европа.

Истрагата ги откри и активности на македонско-италијанската компанија која нуди лов на вода во Македонија. За да ги убеди потенцијалните клиенти да дојдат, таа компанија неодамна објавила слики на кои се гледаат клиенти со патки снимени за време на патувањето во март 2020 година. Сликите беа објавени на Фејсбук и – меѓу другите видови – се прикажани и неколку свежо убиени Феригин патки – загрозен вид со меѓународни конвенции. Во видеата објавени на нивната страница се видело исто така дека се користат нелегални електронски уреди за да се намамат патките.

CABS случајот го пријавиле во Министерството за животна средина во Скопје чии официјални лица потврдиле дека Ферогинската патка сè уште може легално да се лови во земјата.Иако не можат да се преземат правни мерки против ловците, случајот сè уште може да има последици за  Македонија. Според CABS, отворањето на ловна сезона за овој вид е во спротивност со меѓународните обврски на Македонија преземени во ОН.

По извештајот од CABS, Секретаријатот со седиште во Бон минатата недела ја извести македонската влада дека отворањето на ловна сезона за овие патки претставува непочитување на меѓународниот договор и дека таа практика треба да се исправи без одлагање.

CABS објави дека ќе продолжи да ја следи состојбата со ловот во Македонија, а наедно побара зголемени проверки во Италија на ловците кои се враќаат од нашата држава.

Ферогин е релативно мала нуркачка патка, која делумно мигрира, широко распространета во Европа, Азија и Африка. Но, од втората половина на 20 век, нејзиното популација претрпе глобален голем, долгорочен пад. На Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН) на загрозени животни патката е означена како „близу загрозена“. Главните познати закани за оваа патка се губење и деградација на живеалиштата, климатски промени/суша и лов на прекумерно ниво.