СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во советите на АВМУ и МРТ да си дадат оставки


Повикувајќи се на ивештајот на „Репортери без граници, СДСМ ги повика кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација.
-Македонија и оваа година бележи напредок кај слобода на медиумите во извештајот на Репортери без граници.Во споредба со минатата година напредокот на нашата земја е за три позиции. Додека пак во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, имаме подобрување од 19 места.Во 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува.
Репортери без граници во своите извештаи како проблем редовно го издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според Извештајот на оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
Критика за работата и потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.
ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.ВМРО-ДПМНЕ е последниот кочничар на медиумските реформи и последен столб на остатоците од груевизмот.
Ги повикуваме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација.Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ, стои во соопштението на оваа партија.