Полицискиот синдикат повика на истрага за апсењето на момчето со куче


Македонскиот полициски синдикат тврди дека поставениото видео на социјалната мрежа “Facebook” , на кое се забележуваат неколку полициски службеници како  лишуваат од слобода лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на полициски час, е неовластено снимено од ѓраѓанин.

-Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8.500 членови од кои над 8.000 се припадници на МВР, го повикува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди детелно без никакви предрасуди да го испитаат конкретниот случај и да ја утврдат  законитоста на постапувањето на полициските службеници.

Во делот на обвинувањата кон нашите колеги дека не носеле маски и средства за заштита прашуваме дали, кога, со каков квалитет, и колку маски со список за задолжување имаат задолжено колегите при излегување од полициска станица, колку време биле на работа до моментот на неовластеното снимање и  дали во меѓувреме имале контакт со заразени лица при контрола во нивните домови каде се во самоизолација, стои во реакцијата на Полицискиот синдикат.

Тие бараат од раководството на МВР да биде сериозно и веднаш , преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, навремено да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа.