Од утре слободно движење на Водно


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април 2020 година. -Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено […]

Дури 80 тимови во светот бараат вакцина против корона вирусот


На Универзитетот во Оксфорд денеска почна тестирање на потенцијалната вакцина против новиот коронавирус на доброволци, а во истовреме повеќе од 80 научни тимови во светот работат на развој на таква вакцина. Британскиот министер за здравство Мат Ханкок најави дека Универзитетот Оксфорд за проектот ќе добие 20 милиони фунти, додека за друг британски проект, за кој […]

Десничарски екстремисти ги хакирале СЗО, Гејтс и Институт Вухан


Хакери поврзани со неонацисти украле речиси 25.000 лозинки за е-пошта од персоналот на Светската здравствена организација, Институтот Вухан и фондацијата Гејтс и ги користеле за „кампања за вознемирување“ со споделување теории на заговор за новиот коронавирус, објави Вашингтон пост. Експерти за безбедност откриле дека адресите за е-пошта биле украдени од десничарски екстремисти и поставени на […]

Од утре почнува исплатата на пензиите


Исплатата на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на […]

Николоски: Собранието не може повторно да заседава


 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е распуштено и оти по ова прашање Уставот е јасен. – Јасни се одредбите во македонскиот Устав, како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено Собрание не може да се врати и да заседава, рече Николоски одговарајќи на новинраско […]

Франција: Компаниите со седиште во даночните раеви нема да добијат помош од државата


Франција нема да исплаќа итни пари за деловните субјекти со седиште во даночни раеви, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. „Ако вашето седиште е лоцирано во даночен рај, очигледно е дека нема да можете да имате корист од јавната помош“, рече тој за радио Франс Инфо. „Ако имате корист од протокот на пари […]

(Графика) Кој најмногу добива од цената на бензините: веќе не важи пола за државата, пола за другите


Во структурата на малопродажните цени доминираат акцизите, набавната цена на дериватите и Данокот на додадена вредност   Колку би чинел литар бензин или дизел, доколку се одбијат акцизата, данокот на додадена вредност и другите трошоци кои ја формираат крајната цена на дериватите? Верувале или не, набавната цена на бензините (во зависност од октаните) е 12,026 денари […]

Над 80.000 евра казни за прекршителите на полицискиот час во Синѓелиќ


Преку 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Сингелиќ кои на 13 април не го почитуваа полицискиот час, односно постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државава. Тројца, од настанот во  општина Гази Баба, веќе се обвинети и судот им изрече казна од по 5.000 […]

Идентификувани уште 11 учесници на орото во Гевгелија


Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со гевгелискиот настан од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ се играло оро за време на полициски час соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица. СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности […]

ЈСП ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот


Ве информираме дека од денес, четврток (23.04.2020 год) со оглед на најновата одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 19–05 часот, јавниот превоз ќе сообраќа до 19 часот, во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот. Од сабота (25.04.2020 год) од 15 часот […]

Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во Охрид


Лекарската комора соопшти дека нејзиниот Извршен одбор и Комисијата за етички и правни прашања вчера на вонредна седница расправале за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од село Татеши Струга со симптоми на Ковид – 19, која побарала […]

Британија почна да тестира вакцина за корона вирусот врз 510 доброволци


Повеќе од 500 храбри доброволци го почнаа процесот на примање на првите дози како дел од напорите на Велика Британија за создавање вакцина за Ковид-19, чии клинички испитувања почнаа денеска. Вакцината е развиена од тимови на Институтот „Џенер“ на Универзитетот во Оксфорд и Групацијата за вакцини во Оксфорд, а работата почнала уште во јануари. Оваа […]

Казни од 20 евра за граѓаните што не носат маски


Во следните седум дена Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и Здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат ќе даваат опомени, а потоа ќе почнат да казнуваат. Казна од 20 евра е предвидена за граѓаните што ќе бидат затекнати на јавни површини без заштитна опрема како маска, марама или шал, со кои […]

Бујар Османи негативен на корона вирусот


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за ковид-19 и дека резултатот е негативен. Меѓутоа, посочува, треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе следува и второ тестирање. Тој е еден од претставниците на владата кои завршија во самоизолација откако присуствуваа на […]

Пак расте бројот на заразени во земјата


Во изминативе 24 часа утврдени се 41 позитивни тестови на вирусот Ковид-19. Од нив, 17 се од Скопје, 11 од Куманово, 5 од Прилеп, 3 Тетово, 1 Кавадарци, 1 Крива Паланка, 1 Неготино, 1 Кичево и 1 од Гостивар. Со ова вкупниот број заболени во земјава достигна 1.300 лица. Инаку, изминативе 24 часа нема починати […]

Иницијативата стигна кај Џафери, но дали е таа доволна за седница на Собранието


Она што неколку дена се подготвуваше во Собранието денеска и се оствари – иницијатива потпишана од 35 пратеници за свикување на распуштеното Собрание беше поднесена до спикерот Талат Џафери. Меѓу потписниците има пратеници од сите пратенички групи, освен од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Најбројни се пратениците од СДСМ, меѓу потписниците има и членови од независната пратеничка […]

Вал Килмер се ке раскаже за ракот и холивудските романси во новите мемоари


САД- Актерот Вал Килмер не е туѓинeцот што ги раскажува приказните на другите преку филм. Сега, тој раскажува приказна близу до срцето: својата. Во ексклузивно интервју за „Добро утро на Америка“ со Крис Конели, актерот прозборе за приватниот живот и за неговата битка со ракот. „Се чувствувам многу подобро отколку што звучам, но се чувствувам […]

Во Иса Беговата џамија Рамазан за првпат ќе биде без молитва


Под вековниот чинар на Иса Беговата џамија, во Скопје, во тек месецот Рамазан што следи нема да се одржат верски предавања. Освен ова, во џамијата нема да се одржат ниту редовните молитви и молитвите на теравија (специфична молитва за Рамазан). За многу верници од исламска вероисповед овој месец Рамазан, кој официјално почнува в петок, ќе […]

„Дрекслмајер“: Нема отпуштања, времените вработувања се продолжуваат како и пред пандемијата


Нема отпуштања  на работници, а селекцијата на продолжување на времени вработувања е вообичаена како и пред корона вирусот, велат за МИА од компанијата „Дрекслмајер“ во Кавадарци, по реакциите дека има работници на кои не им е продолжен времениот договор за работа во оваа германска фабрика со над пет илјади вработени од повеќе општини. – Кризата […]

ЕЛЕМ ќе го замени ТЕЦ „Осломеј„ со обновлива енергија


Две фотонапонски централи од по 10 мегавати во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК Осломеј, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. За енергетската трансформација која се спроведува во државава […]