Двајцата Штипјани што тепаа девојка може да добијат до 5 години затвор


 Почна судењето во Основниот суд во Штип за двајцата штипјани кои во јануари тепаa девојка во влез на станбена зграда. Двајцата се товарат за сторено кривично дело „насилство“ со што казната може да се движи од шест месеци до пет години затвор. Момчињата на возраст од 23 и 26 години утринава со комбе од Истражниот […]

Истражување: Управните одбори пополнети со партиски луѓе


Јавните претпријатија претставуваат институции со кои што граѓаните секојдневно се среќаваат и од нив очекуваат навремени, квалитетни, лесно достапни и брзи услуги кои треба да им го подобрат квалитетот на животот. Тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење влијаат на многу луѓе, се вели во истражувањето спроведено од Институтот за демократија „Социетас […]

Критики до Белград заради одбиената финансиска помош од ЕУ


Српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), чиј лидер е Драган Ѓилас, денеска најостро ја осуди одлуката на српските власти да не земаат стотици милиони евра помош од Европската комисија и ги обвини дека се задолжуваат „кај шеикот“, затоа што трошењето на овие пари, за разлика од парите добиени од Европа, никој не ги […]

Пендаровски телефонски разговараше со италијанскиот претседател Матарела


Претседателите на македонија и на Италија, Стево Пендаровски и Серџо Матарела, во телефонски разговор разменија информации за справувањето на двете држави со корона вирусот. Пендаровски посочиле дека е неопходен сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да […]

Заеви дадоа помош за Босилево


Двеста пакети со прехранбени продукти денес донираше семејството Заеви во општина Босилово. Донацијата беше примена од страна на Општинскиот кризен штаб и преку него ќе биде поделена на социјално загрозени семејства. -Како општина Босилово и кризен штаб ја примивме помошта и потоа врз основа на списоците од Центарот за социјална работа ќе ја поделиме на […]

Епидемиолози во Шпанија: Стадионите ќе се отворат последни


Шпанија- Епидемиолозите во Шпанија велат дека фудбалските мечеви во таа земја нема да се играат пред публика до крајот на годинава и препорачуваат затворање на стадионите сè додека не се најде вакцина против коронавирусот. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, рече дека има намера да ги ублажи мерките на ограничено движење во втората половина на мај, […]

Почнува светиот муслимански месец Рамазан


Вечерва со заоѓање на сонцето за сите муслимани почнува светиот месец на постот, Рамазан, а сите активности поврзани со празникот ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација и мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Рамазан е месец на задолжителен пост за сите  полнолетни, здрави муслимани, кои не се на пат, болни, родилки […]

УНЕСКО за Светскиот ден на книгата: Вистински миг на децата да им ја пренесеме љубовта кон литературата


Во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност, се наведува во пораката од УНЕСКО по Светскиот ден на […]

ММФ подготвен и натаму да ја поддржува Македонија


Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на состанок со директорот на Одделот за Европа во ММФ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) обезбеди значајна поддршка преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, а и натаму во рамки на можностите ќе дава поддршка за што посоодветно да се одговори на предизвиците […]

Стопанската комора на Македонија со предлог како компаниите полесно за набават заштитни маски


Стопанската комора на Македонија апелира компаниите што произведуваат заштитни маски до неа да достават основни информации поврзани со нивната продажба, цените, количините, периодот и начинот на испорака. Комората бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница за полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитните маски на домашниот пазар. Компаниите […]

Поголемата невработеност во Германија ќе го намали и емигрирањето од Македонија


Како последица од настанатата криза со коронавирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и во Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила […]

Федерер: Јас сум единствениот кој мисли дека е врме АТП и ВТА да се обединат?


Англија- Поранешниот прв рекет на светот Роџер Федерер зборуваше за потребата од обединување на АТП и ВТА. – Интересно … Јас сум единствениот кој мисли дека треба машкиот и женскиот тенис да се обедини? Не зборувам за мешани натпревари, туку за унија на двете управни тела (АТП и ВТА), кои ги контролираат машките и женските […]

Албанија ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки


Албанија, која започна со олеснување на  некои од најтешките рестриктивни мерки во Европа оваа  недела, што беа воведени поради пандемијата со Ковид-19, ќе им овозможи на продавниците, таксистите и судовите да продолжат со работа следната  недела, доколку ги  исполнуваат стандарди за хигиена и физичка дистанца. Албанија официјално регистрираше 27 смртни случаи предизвикани од новиот коронавирус. Здравствените […]

Принцот Луис денес полни две години, мама Кејт го фотографираше


Англија – Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија неколку нови фотографии од нивниот син, принцот Луис, по повод неговиот втор роденден, којшто ќе го прослават денеска. Како што пренесуваат британските медиуми, сликите се дело на Кејт Мидлтон и се направени месецов. Луис е петти во редот за престолот, а има шестгодишен брат – […]

Трамп заостанува зад Бајден во трите клучни држави на Среден запад


Њујорк – Републиканскиот претседател Доналд Трамп заостанува зад демократот Џо Бајден меѓу регистрираните гласачи во три држави на бојното поле на Средниот запад, кои тој тесно ги освои  во 2016 година и се сметаат за круцијални за победа на изборите во ноември, според истражувањето на јавното мислење на Ипсос, спроведено исклучиво за Ројтерс. Анкетата, која […]

Новинарите жртви на вонредните состојби во Европа


Од почетокот на здравствената криза COVID-19, многу земји-членки на ЕУ и земји-кандидатки воведоа вонредни состојби и уредби за итни случаи.Некои од овие мерки неизбежно влијаат  врз слободата на печатот и внесуваат заострена контрола врз протокот на информации. Меѓународниот прес институт меѓу нив забележа многу  непропорционални мерки,а  особено прекумерно регулирање на дезинформациите, ограничувања за пристапот до […]

„Горење“ отпушта 2.200 работници поради намалената потрошувачка предизвикана од Ковид-19


Словенечкиот производител на  бела техника „Горење“ ќе отпушти 2.200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот  коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС). Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење“, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата. „Од вкупно 2.200 работници кои ќе добијат отказ, илјада ќе […]

Кина шести ден без смртен случај од корона


Кинеските здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од последици од Ковид-19. Во изминатите 24 часа во Кина регистрирани се десет новозаболени од Ковид-19, што е за 30 помалку од претходниот ден. Исто така намален е на шест,  бројот на заразени помеѓу граѓаните кои се вратиле од странство, додека претходниот ден […]

Бејл донира повеќе од 1 милион евра за болниците во Шпанија и Велс


Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Гарет Бејл донираше повеќе од 1 милион евра на две здравствени установи во неговата родна земја Велс и Шпанија. Крилото пресе 500.000 фунти (615 000 долари) на Националниот институт за здравство во Велс и 500.000 евра во болници во Мадрид. Во видеото објавено на веб-страницата „Кардиф и Велс черити“, фудбалерот […]

Барањето да се свика Собранието денес кај Џафери


Пратеници на СДСМ се очекува денеска до Собранието да ја достават иницијативата за повторно ставање во фунkција на законодавниот дом, што се самораспушти на 16 февруари поради одржувањето на предвремени парламентарни избори, кои, пак, беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. Претседателот на Парламентот Талат Џафери не се изјасни дали ќе свика седница што би значело […]