Пендаровски телефонски разговараше со италијанскиот претседател Матарела


Претседателите на македонија и на Италија, Стево Пендаровски и Серџо Матарела, во телефонски разговор разменија информации за справувањето на двете држави со корона вирусот. Пендаровски посочиле дека е неопходен сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните. Само така европските држави  ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на Ковид-19.

Претседателот Матарела упатил честитки по повод членството на нашата држава во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.