„Горење“ отпушта 2.200 работници поради намалената потрошувачка предизвикана од Ковид-19


Словенечкиот производител на  бела техника „Горење“ ќе отпушти 2.200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот  коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС).

Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење“, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата.

„Од вкупно 2.200 работници кои ќе добијат отказ, илјада ќе бидат во Словенија, а останатите филијалите во други земји“, изјави претставникот на Синдикатот на „Горење“, Жан Жеба.

Минатиот април, во компанијата работеа 9.300  луѓе, пренесува РТС.

„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници, и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе“.