Принцот Луис денес полни две години, мама Кејт го фотографираше


Англија – Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија неколку нови фотографии од нивниот син, принцот Луис, по повод неговиот втор роденден, којшто ќе го прослават денеска.

Како што пренесуваат британските медиуми, сликите се дело на Кејт Мидлтон и се направени месецов.

Луис е петти во редот за престолот, а има шестгодишен брат – принцот Џорџ и четиригодишна сестра – принцезата Шарлот.