Франција: Компаниите со седиште во даночните раеви нема да добијат помош од државата


Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер

Франција нема да исплаќа итни пари за деловните субјекти со седиште во даночни раеви, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер.

„Ако вашето седиште е лоцирано во даночен рај, очигледно е дека нема да можете да имате корист од јавната помош“, рече тој за радио Франс Инфо.

„Ако имате корист од протокот на пари во државата, не можете да исплаќате дивиденди и не можете да ги купите назад акциите“, додаде тој.

Францускиот список на даночни раеви вклучува 13 држави, но не Холандија, Луксембург, Малта или Делавер.