Во Иса Беговата џамија Рамазан за првпат ќе биде без молитва


Под вековниот чинар на Иса Беговата џамија, во Скопје, во тек месецот Рамазан што следи нема да се одржат верски предавања. Освен ова, во џамијата нема да се одржат ниту редовните молитви и молитвите на теравија (специфична молитва за Рамазан). За многу верници од исламска вероисповед овој месец Рамазан, кој официјално почнува в петок, ќе биде најнеобичниот месец на постење досега. Одлуката на Исламската Верска Заедница (ИВЗ), за затворањето на џамиите, како превентива против ширењето на коронавирусот, исто така подразбира дека во џамиите нема да има ни организирање на ифтари.

Хатибот на Иса Беговата џамија во Скопје, оџата Мухарем Исмаили, во изјава за МИА, вели дека Исламската Верска Заедница во Република Северна Македонија, заедно со џамиите се покажа предвидлива спроти ризикот кој доаѓа од вирусот КОВИД – 19 и како превентивна мерка против ширењето на овој вирус одлучи привремено да ги затвори џамиите, со единствена цел заштита на здравјето и
сигурноста на граѓаните.

Во пресрет на месецот Рамазан, оџата Мухарем, зборува и за фактот како треба да го организираат и поминат верниците муслимани времето, кога веќе се знае дека нема да имаат пристап до џамиите. Според него верниците во оваа време на пандемија треба да се флексибилни и да го обожуваат Алах (а.џ) и како такви да и се прилагодат на ситуација и новите околности, односно да се трудат подобностите од оваа ситуација да ги користат за добри дела.

– Ако порано верниците се жалеа дека им е тешко да го постат месецот Рамазан, како резултат на напорните дневните обврски, сега оваа причина не држи вода, затоа што тие се слободни и силни, односно можат добро да уживаат во овој благословен месец. Тие сега може денот да го поминат во мултифункционални форми и начини како што е читањето на светата книга Куранот, седењето со семејството, посета на роднините во тек на денот, слушање на Куранот од разни читатели, читање на верски книги, слушање на корисни емисии и друго. Сите овие активности за еден верник подразбираат еден сензационален месец Рамазан, полно со разни активности, вели оџата Мухарем.

Ограничувањето на движењето на граѓаните, поставувањето полициски час и затворањето џамиите поради пандемијата со вирусот корона, според оџаата Мухарем Исмаили, се добра можност за да верниците муслимани повеќе се посветат на читање на Куранот во текот на месецот. Освен постењето, специфичност на месецот Рамазан, е и читањето и медитација на светата книга Куранот.

Како многу џамии во земјава и Иса Беговата џамија во центарот на Скопје неодамна доби упатства од ИВЗ на каков начин да го организира верскиот живот во тек на месец Рамазан, иако вратите на овие верски храмови за муслиманите ќе бидат затворени. Една од тие упатства е оџата, иако е вонредна состојба, во време кога не во сила полицискиот час, да биде присутен во џамијата. Истовремено во џамијата, како што информираше оџата Мухарем за МИА, ќе биде присутен муезинот кој ќе продолжи со учење на езанот и еден член од Советот на џамијата. Друга одлука донесена од ИВЗ е читањето на Куранот, кој ќе имаат можност да го слушат и тие кој што се надвор од џамијата, кој работат или пак се движат во близина, се со цел потсетување на верниците на зборовите на Господ.

– Имамот ќе биде присутен во џамијата за давање на фетва, да ги појасни дилемите за верниците околу постот, за болните како треба да постат, за мајките со бебиња дали треба или не да постат. Воедно, еден член на Советот на џамијата ќе биде присутен за собирање зекатот, фитрите, помошта за која ќе сакат верниците да ја даваат за Медресата Иса Бег и институциите на ИВЗ. Значи ќе биде една тековна комуникација, односно иако џамиите нема да бидат функционални, услугите кон верниците ќе бидат активни во тек на целиот месец Рамазан, како со учење на езанот, така и со прашањата и одговори во индивидуална форма, истакна оџата Мухарем.

КОВИД-19 предизвик и за имамите

Освен за муслиманските верници, затворањето џамии за време на светиот месец Рамазан е предизвик и за имамите и верските водачи. Оџата Мухарем Исмаили, со оглед на сегашната реалност за МИА, вели дека е оптимист и дека за себе подготвил сензационален план за месец Рамазан. Присуството во џамија во времето кога му е дозволено, коментирање на ајетите од Куранот, користењето на социјалните мрежи и медиумите за совети и препораки кон верниците е само мал дел од агендата која оџата Мухарем, ја има предвидено за Рамазан.

 

– Со цел на верниците муслимани постот да им го направиме посвеж, попривлечен, поубав и полесно, ќе се обидеме секој ден за време на месец Рамазан да им нудиме нешто ново. Верувам дека овој Рамазан ќе биде многу поинтересен од другите рамазани кои со години биле класични. На некој начин ова е излез од монотонијата и имплементацијата на новите методологии на повикување кон Исламот и исламската порака. За мене тоа е атракција и  нова можност што ја чекам со голема радост. Верувам дека ќе бидам успешен, вели оџата Мухарем.

Меѓу другото месецот Рамазан, се знае и како месец на дарежливоста и солидарноста. Донесување на рестриктивните мерки како заштита од коронавирусот во тек на последниот период предизвика значајна социјална и економска криза кај граѓаните. Врз основа на оваа прашање хатибот на Иса Беговата џамија, оџата Мухарем Исмаили за МИА вели дека не се двоуми дека и овој пат богатите и трговците ќе се докажат себеси со помошта која ќе им ја дадат на тешките социјални категории, како што се сираците, сиромашните, но и за Медресето Иса Бег, која е еден најважните исламски училишта во државата.

– Сега може и да ги пренамениме нашите средства кој што минатите години сме ги трошеле во организирање семејни ифтари. Можно во тек на овој месец нема да имаме можност да ги поканиме роднините, па оваа садака (ифтарот) може да го пакуваме и да го делиме на сиромашните, значи нашата софра во домовите на сиромашните. Верувам дека оваа ќе биде нов предизвик и од аспект на хуманоста и солидарноста која во тек на месецот Рамазан треба го манифестира високиот морал на верниците муслимани, рече оџата Мухарем.

Свој коментар оџата Мухарем Исмаили даде и за најавите од државните власти за олабавување на рестриктивните мерки во текот на следниот месец. Во оваа прилика тој наведе дека чувствува дека при крајот на Рамазан ќе има позитивни промени и дека еден дел од теравиите муслиманските верници ќе ги прават во џамиите. Тој изрази оптимизам дека во џамиите исто така ќе се изврши молитвата за Фитр (Рамазан) Бајрам.