Пак расте бројот на заразени во земјата


Во изминативе 24 часа утврдени се 41 позитивни тестови на вирусот Ковид-19.

Од нив, 17 се од Скопје, 11 од Куманово, 5 од Прилеп, 3 Тетово, 1 Кавадарци, 1 Крива Паланка, 1 Неготино, 1 Кичево и 1 од Гостивар.

Со ова вкупниот број заболени во земјава достигна 1.300 лица.

Инаку, изминативе 24 часа нема починати лица како последица на компликации од коронавирусот.

Вкупниот број на починати лица во земјава е 56, а оздравени се 272 пациенти.