Бујар Османи негативен на корона вирусот


Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за ковид-19 и дека резултатот е негативен.

Меѓутоа, посочува, треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе следува и второ тестирање.

Тој е еден од претставниците на владата кои завршија во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, за кој еден ден подоцна пристигнаа резултати дека е заразен со новиот коронавирус.

Покрај Османи, на состанокот беа и премиерот Оливер Спасовски и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми. Сите се во изолација.