Приведени 76 лица поради непочитување на забраната за движење


Осумдесет и осум лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие за периодот 26 и 27 април, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 186 лица им […]

Стопанската комора преминува кон онлајн конференции 


Стопанската комора на Македонија го приспособува целосно работењето кон новата ситуација наметната од корона вирусот и преминува кон одржување онлајн конференции и други настани.  За таа цел комората набави опрема и се претплати на еден од најквалитетните онлајн софтвери за видео-конференциски врски што обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе […]

Нобеловец: Знам што зборувам. Или е грешка или вирусот протекол од лабораторија


Ковид 19 е дело на човечка рака, тврди францускиот научник и добитник на Нобеловата награда за медицина Лик Монтање. Тој претпоставува дека се случила грешка кога научниците трагале по вакцина за вирусот на СИДА. Монтање, кој се прослави со пронаоѓање на вирусот на сидата, за денешни „Вечерње новости“ вели дека знае што зборува и го […]

Владата ќе решава дали да не стави во карантин за 1 Мај


Денеска се очекува одлука дали претстојните три празнични дена ќе ги минеме во карантин. Иако, се уште нема официјална потврда, здравствените власти размислуваат карантинскиот празничен викенд да започне од четврток од 19 часот и да трае до понеделник до 5 часот изутрина, со цел да се избегнат социјалните контакти и гужвите. Министерот за здравство, Венко […]

Кога нафтата стана отпад: допрва ќе дојде многу повеќе болка


Негативните цени на нафтата во САД се предвесник на мрачните денови што доаѓаат   Магнитудата на тоа колку е оштетена енергетската индустрија се претстави во целост на 20 април кога репер цената на американските нафтени фјучерси, која никогаш не падна под 10 долари за барел во својата речиси 40-годишна историја, падна на претходно незамислив минус […]

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив и здрав


Јужна Кореја објави дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време на шпекулации за неговото здравје. Советникот за надворешна политика на Јужна Кореја, Мун Џае Јинг, за Си-Ен-Ен изјави дека Ким Џонг Ун е „жив и здрав“ и оти „досега не се забележани сомнителни случувања“.   Здравјето на Ким […]

Нови 32 случаи со ковид-19 во Косово, вкупно 763 заразени


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 32 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на ковид-19, со што официјалната бројка на заразени од новиот вирус во Косово се искачи на 763. Најголемиот број новозаразени, вкупно 23, се од општина Пеќ, четворица од […]

Кинески здравствени работници ќе ги тестираат Саудијците на Ковид-19


Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19. Договорот предвидува 500 кинески здравствени работници да бидат ангажирани во шест лаборатории, што треба да се изградат во Саудиска Арабија. Во Саудиска Арабија регистрирани се повеќе од 17.000 заразени луѓе со новиот коронавирус, […]

Телефонски разговор Трамп – Макрон за СЗО


Американскиот и француски претседател Донмалд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир. Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со корона вирусот и напредокот за повторно отворање на […]

Почнува исплатата на пензиите во банките, денес за оние до 11 илјади денари


Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата. За пензии до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е во утре (вторник 28 април), за пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата ево среда 29 април и за пензии повисоки […]

Трамп ги помеша Пулицерова и Нобелова награда, па го избриша твитот


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа критикувајќи ги новинарите на Твитер, ги помеша Пулицеровата и Нобеловата награда. „Кога сите ‘репортери’, кои добија Нобелова награда за својата работа за Русија, Русија, Русија, само да би се покажало како целосно погрешно (и всушност другата страна е таа што изврши злосторства) да ги вратат своите скапоцени ‘Нобели’ за да […]

Надал е песимист околу враќањето на тенисот во нормала


Рафа Надал изјави дека е многу песимист во врска со можноста тенисот во скоро време да се врати во нормала поради новата пандемија на корона вирус што го затвори спортот минатиот месец. Професионалниот тенис е суспендиран до крајот на јули, најрано, а Шпанецот во неделата изјави дека сериозни проблеми стојат на патот на продолжување. „Од […]

Секнуваат дознаките од странство, годинава се очекува пад од 20 отсто


Во 2017 година во Македонија се слеале 280 милиони долари дознаки од странство (2,6 отсто во однос на БДП), а во 2016 година 291 милион долари   Светска банка предвидува остар пад на дознаките од странство во 2020 година за околу 20 отсто, или за една петтина, како резултат на економската криза предизвикана од пандемијата […]

Нови сознанија: Лекарите веќе не брзаат да ги ставаат пациентите на респиратори


Лекарите од многу држави ги потенцираат ризиците од употреба на механичките вентилатори премногу рано или премногу често. Главниот ризик е дека респираторите ќе ги оштетат белите дробови на пациентите   Берлин – Кога му бил дијагностициран Ковид-19, Андре Бергман точно знаел каде сака да се лекува: болничката клиника за белите дробови „Бетаниен“ во Моерс, во […]

Стојановски до Бухова: Да легнам мртов болен, па постхумно да ме тестираат!


Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, Горан Стојановски, преку отворено писмо упати неколку укажувања во однос на денешната прес-конференција на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова, на која таа зборуваше за наодите во Куманово, врз основа на што рече дека лицата ќе бидат казнети парично за направените прекршоци. Во […]

Турција со четиридневен карантин, над 110.000 заразени


Во Турција во последните 24 часа потврдени се уште 2.357 случаи со корона вирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 110.130. Денеска починаа 99 луѓе од последиците од ковид-19, а вкупно починале  2.805, покажуваат денеска објавените податоци од Министерството за здравство. Турција е земја со најмногу заболени надвор од Европа и САД. Од […]

(Видео) Плажите во Калифорнија полни – како да не е пандемија


Голем број луѓе поради летните температури заминаа на плажите во Калифорнија покрај апелите на властите да продолжат да ги практикуваат мерките за социјално дистанцирање. Илјадници луѓе во текот на викендот се најдоа на плажите во Њупорт и Хантингтон, покрај наредбите да останат дома. #Coronavirus, in #California pienone sulle spiagge senza divieto di accesso. https://t.co/IKeiNHBxfc — […]

Странските инвестиции „пресушија“ поради Ковид -19, но по дождот можеби доаѓа сонце


Владите можат да постапат мудро и да воведат краткорочна заштита, но таа не смее да биде предозирана   Пред нешто повеќе од една година, „Инвест Чиле“ (InvestChile) – агенција за промовирање на странски директни инвестиции во јужноамериканската земја – им посака добредојде на 300 странски инвеститори од 21 земја во главниот град Сантјаго. На дводневниот […]

ЈСП од утре вози по саботен ред во две смени


Од ЈСП Скопје потсетуваат, дека автобусите од градскиот превоз и приватните превозници од утре, понеделник (27.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по […]

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција


Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс н а починати од вирусот Ковид-19 јасно се намалува, со што продолжува да се намалува притисокот врз француските болници. Од епидемијата до вечерва починаа вкупно 22.856 лица во Франција. Според денешните бројки од здравствените власти се потврдува тенденцијата на намалување на бројот на пациентите на интензивна […]