Нобеловец: Знам што зборувам. Или е грешка или вирусот протекол од лабораторија


Ковид 19 е дело на човечка рака, тврди францускиот научник и добитник на Нобеловата награда за медицина Лик Монтање.

Тој претпоставува дека се случила грешка кога научниците трагале по вакцина за вирусот на СИДА.

Монтање, кој се прослави со пронаоѓање на вирусот на сидата, за денешни „Вечерње новости“ вели дека знае што зборува и го образложува својот став.

„Се тргнало од познат вирус кај лилјаците, на кој се интервенирало за да се „хуманизира“. Во тој момент веројатно се случила грешка или се протекло од лабораторија. Добиле нешто спротивно од она што го барале“, вели Монтање.

На парашање на весникот, по што трагале научниците кога дошло до грешка, Монтање вели:

„Тоа не знам. Можеби вакцина. Не против корона, туку против СИДА“.