Телефонски разговор Трамп – Макрон за СЗО


Американскиот и француски претседател Донмалд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир.

Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со корона вирусот и напредокот за повторно отворање на светската економија“.

Трамп претходно го стопира финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја дека не управува добро со пандемијата и ги промовирала „кинеските дезинформации“ за новиот корона вирус.