Владата ќе решава дали да не стави во карантин за 1 Мај


Денеска се очекува одлука дали претстојните три празнични дена ќе ги минеме во карантин. Иако, се уште нема официјална потврда, здравствените власти размислуваат карантинскиот празничен викенд да започне од четврток од 19 часот и да трае до понеделник до 5 часот изутрина, со цел да се избегнат социјалните контакти и гужвите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција истакнба дека овие денови ќе се анализира однесувањето на граѓаните, дали ќе бидат почитувани мерките за заштита, по што ќе следи одлуката.

-Дали се почитуваат тие мерките за задолжителна дистанца, дали се носта заштитните маски, врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд, истакна министерот Филипче.