Лебедите и делфините се вратија во Венеција


Лебедите и делфините се враќаат во каналите во Венеција, како што се подобрува воздухот и квалитетот на водата поради забраните околу епидемијата. Зголемениот број на случаи на коронавирус во Италија ја доведе целата држава во застој. Бидејќи луѓето социјално се дистанцираат за да избегнат ширење на вирусот, голем дел од нив исто така губат во бизнисот […]

Сите бараат вакцина за коронавирусот


Германија – Ширум светот забрзано се работи на вакцина против коронавирусот и додека САД први прават тестови, германските биотехнички компании  веќе бележат делумни успеси во потрага за вакцина. Биотехнолошката фирма „Бионтех“ во Мајнц досега главно истражуваше лекови против рак. А потоа се појави и коронавирусот. Фирмата за истражување доби 120 милиони евра од кинескиот произведувач на […]

(ВИДЕО) По 30 години чекање Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО


Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на […]

Може ли да го зајакнете имунитетот за да го победите коронавирусот?


САД (Harper’s BAZAAR)– Вашиот имунолошки систем е порта што или ве штити или ве прави ранливи за болести. Кога вашиот имунолошки систем работи добро, нема да забележите. Ако ослабне или наидете на агресивна бактерија, тогаш може да се разболите. Повеќето бактерии само прават да се чувствувате лошо првиот пат кога ќе ги сретнете, бидејќи вашето […]

Џафери за МИА: Собранието нема да се состане, претседателот ќе прогласи вонредна состојба


Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за  МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата. Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може […]

Словенија ќе ги помага фирмите да исплатат плати за вработените


Словенија донесе одлука да даде директна финансиска помош на компаниите што поради корона вирусот не можат да обезбедат плата за вработените. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа одлука ја донесе Националниот комитет за труд при собранието, а беше изгласана без ниту еден глас против. Уредбата предвидува компаниите кои поради епидемијата со корона […]

Епидемиолози и виролози ќе ѝ помагаат на ЕК да издава препораки за коронавирусот


Научен панел составен од епидемилози и виролози од денеска почнува со работа за да и помогне на Европската комисија да формулира препораки и мерки за справување со корона вирусот во земјите членки, јавува дописничката на МИА од Брисел. Со панелот ќе претседава претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а ќе ко-претседава еврокомесарката за […]

Курти го разреши министерот за внатрешни работи Агим Велиу – ширел паника


Косовскиот премиер Албин Курти го разреши министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу, поради несогласување со неговите ставови во однос на кризата предизвикана со епидемијата на корона вирус, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението кое кабинетот на Курти го достави до медиумите, се вели дека Велиу синоќа се изјасни против ставот […]

Се мијат улиците во Сарај


Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија машинско миење на улиците во скопската општина Сарај. Со активностите во целост беа опфатени населбата Сарај и Спортско-рекреативниот центар „Матка“, како и населените места: Грчец, Глумово, Шишево, Кондово, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Горна и Долна Арнакија, Семениште, Букович, Ласкарце, Копаница и Бојане. „Во […]

И Никола Тородов го пофали Венко Филипче


Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска имаше пофални зброови за неговиот актуелен наследник Венко Филипче за кого напиша дека одлично се борел со Ковид-19. „Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, […]

Адеми: Општините, училиштата и факултетите да организираат неформална е-настава


Министерот за образование и наука Арбер Адеми ги повика општините да организираат привремена неформална онлајн-едукација додека се нормализира состојбата со заразата од коронавирусот, а како пример ја посочи општина Карпош. Прекинот на воспитно-образовниот процес ќе трае подолго од 14 дена. Според законите, особено  Законот за основно образование, рече Адеми, МОН и Бирото за развој на […]

Буџаку: Дебар и Центар Жупа имаат недостиг од респиратори


Центарот за управување со кризи доставил барање до Министерството за здравство и до Главниот кризен штаб да се доделат респиратори во општините Дебар и Центар Жупа. Ова на денешната прес-конференција го истакна директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку, посочувајќи дека барањето е доставено, и се чека одговор дали истите ќе се […]

Абрамович им обезбеди бесплатен престој на лондонските лекари во хотелот на стадионот на Челзи


Англија– Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, им обезбедил на лондонските лекари бесплатно сместување во хотелот „Милениум“ на стадионот „Стемфорд Бриџ“, се вели на официјалната веб-страница на клубот од Лондон. Сите трошоци ги презеде рускиот бизнисмен. Хотелот може да го користат лекари кои треба да работат до доцна заради епидемијата на коронавирус. За да можат да избегнат […]

Робертсон со писмо за поддршка по повод полноправното членство на Северна Македонија во НАТО


Поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат. – Кралството на Шпанија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија, со што завршија парламентарните процедури во […]

Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен вечерва од полноќ


Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен вечерва од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата од синоќешната седница за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, соопшти вчера концесионерот ТАВ Македонија. Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – […]

Во Албанија втора жртва од коронавирусот, нови четири позитивни случаи


Албанија– Во Албанија денеска претпладне е регистрирана втора жртва од коронавирусот. -Станува збор за 66-годишен маж од Љушња, кој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана. Последните денови беше на респираторна машина. Пацентот боледуваше и од срцева бубрежна инфлуенцаи  пневмонија, соопштија од Минстерството за здравство. Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од […]

Во Србија стапи на сила забраната за движење на постарите од 65 гoдини


Србија– Во Србија, покрај вонредната состојба, денес во сите градови од 10 часот стапи на сила мерката за забрана на движење на сите постари лица од 65 години, и 70 години во руралните области, согласно синоќешните нови мерка на Владата во справувањето со пандемијата со коронавирус,јави дописникот на МИА од Белград. Со неа вечерва од […]

Музејот на македонската борба затворен за посетители


Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19, Музејот на македонската борба за самостојност денеска соопшти дека оваа национална установа е затворена за посета. Комуникацијата со посетителите ја продолжуваат преку интернет локацијата www.mmb.org.mk и преку каналите на социјалните мрежи Facebook и Google business. Од Музејот на македонската борба информираат дека почнале со интерактивната 3Д […]

Тојота и БМВ го запираат производството во Европа


Англија– Произведувачите на автомобили Тојота и БМВ соопштија дека го запираат производството во фабриките во Европа. Во двете фабрики на Тојота во Велика Британија се вработени 3000 луѓе, кои ќе бидат на платено отсуство. Според очекувањата, прекинот на производството ќе трае најмалку две седмици, јави Би Би Си. БМВ најави слични чекори, односно прекин на производството […]

Тачи го потпиша указот за вонредна состојба во Косово


Косово– Претседателот на Косово Хашим Тачи објави дека го потпишал указот за воведување вонредна состојба во земјата, поради ситуацијата со ширењето на епидемијата на смртоносниот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи преку својата страница на Твитер утрово информира дека указот го потпишал согласно неговите уставни надлежности. – Врз основа на моите уставни надлежности […]