Сите бараат вакцина за коронавирусот

Германија – Ширум светот забрзано се работи на вакцина против коронавирусот и додека САД први прават тестови, германските биотехнички компании  веќе бележат делумни успеси во потрага за вакцина.

Биотехнолошката фирма „Бионтех“ во Мајнц досега главно истражуваше лекови против рак. А потоа се појави и коронавирусот. Фирмата за истражување доби 120 милиони евра од кинескиот произведувач на лекови „Фосун Фарма“ од кои 44 милиони евра во замена за акции.

Покрај тоа, проширување на партнерството со американскиот фармацевтски гигант „Пфицер“ е со цел да се забрза развојот на вакцината против коронавирусот.

Досега фирмата „Бионтех“ има повеќе од 1.4 милијарди долари преку финансии, соработка со фармацевтски комапании и лансирање на американската технолошка берза Насдак во октомври 2019 година.

Во моментов многу фирми и научни организации ширум светот, особено САД и Кина, сакаат да развијат вакцина против коронавирусот. Тоа е добро бидејќи колку повеќе компании се вклучуваат, поголеми се шансите вакцината да се произведе побрзо, истакна Зигфрид Тром од Сојузот на истражувачки компании во Германија.

Според  Сојузот, во меѓувреме постојат најмалку 39 проекти за произведување вакцина. Повеќе од овие проекти се финансиска поддршка од меѓународната иницијатива за вакцини, ЦЕПИ, меѓу нив се и проекти од германската фирма Циревац, американските компании Иновио, Модерна и Новавакс како и проекти од универзитетот Квинсленд од Австралија и универзитетот Оксфор од Велика Британија. Истражувањата се прават и со меѓународна соработка.

Постои големо неодобрување кога една земја се обидува да обезбеди резултати од истражувањето за себе. Доналд Трамп, наводно, веќе се обидел да го стори тоа – медиумите објавија дека тој и понудил на германската компанија „Циревац“ голема сума пари за да ја добие вакцината само за Американците.

Двете страни го демантираа тоа. А Дитмар Хоп, сопственик на фирмата „Циревац“ изјави дека ако успеат да произведат вакцина таа ќе биде достапна за целиот свет.

И покрај тоа, Европската комисија делуваше брзо и и понуди на „Циревац“ 80 милиони евра за да го забрзаат производството на вакцината.

Но, во германскиот сектор за медицинска биотехника има околу 400 фирми што вработуваат речиси 50.000 работници и покрај тоа што „Бионтех“ и „Циревац“ се светски познати, во споредба со САД тоа е малку, вели Тром.

Тром вели дека генерално гледано тоа поле во Германија заостанува, иако потенцијално е огромен синџир со оглед на можностите за истражување во оваа земја. Освен тоа во Америка секогаш биле наклонети да основаат фирми, полесно е да се добијат пари за ризични вложувања, а и неуспехот на толкувањата се доживува поразлично од Европа, истакна Тром.

Развојот на некој биофармацевтски производ во просек трае до 13 години, а понекогаш и 20 години. Се планираат трошоци од една до една ипол милијарда долари. А ризикот од неуспех е екстремно голем. Само мал дел од овие проекти на фирмите на крајот се исплаќаат.

Развојот на вакцината против коронавирусот нема да трае повеќе од една година. Ако тестовите се добри, експертите мислат дека првата вакцина може да ја имаме за 12 до 18 месеци, вели Тром.

Американската фирма „Модерна“ почнува со клинички студии на 45 волонтери во март во Сиетл.  Еден пациент во понеделникот прв ја прими вакцината. „Бионтех“ и „Иновио“ првите клинички студии ги најавија за април. „Циревац“ ги најави студиите во јуни.