И Никола Тородов го пофали Венко Филипче


Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска имаше пофални зброови за неговиот актуелен наследник Венко Филипче за кого напиша дека одлично се борел со Ковид-19.

„Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19. Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија“, пишува Тодоров во денешната колумна за Дојче Веле.

Тодоров, кој го раководеше министерството за здравство до 2017-та, ги повика политичарите, експертите и новинарите да не го напаѓаат кредибилитетот Филипче и останатите функционери за време додека, како што вели тој, светот се справува со пандемијата на корона вирусот.