Лебедите и делфините се вратија во Венеција


Лебедите и делфините се враќаат во каналите во Венеција, како што се подобрува воздухот и квалитетот на водата поради забраните околу епидемијата.
Зголемениот број на случаи на коронавирус во Италија ја доведе целата држава во застој. Бидејќи луѓето социјално се дистанцираат за да избегнат ширење на вирусот, голем дел од нив исто така губат во бизнисот со секоја измината минута.  Но, за околината ова очигледно е добра вест.

Венеција е една од најголемите туристички атракции во Италија, која има многу посетители во текот на целата година. Сепак, откако земјата беше ставена во вонредна состојба, улиците се напуштени и има многу помалку бродски сообраќај низ каналите во градот, каде луѓето често уживаат во возењето со гондолите. Но, изненадувачки, тоа помогна да се исчистат каналите на градот и мештаните забележале огромна разлика во чистотата на водата а исто така и на воздухот.