Словенија ќе ги помага фирмите да исплатат плати за вработените


Словенија донесе одлука да даде директна финансиска помош на компаниите што поради корона вирусот не можат да обезбедат плата за вработените.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа одлука ја донесе Националниот комитет за труд при собранието, а беше изгласана без ниту еден глас против.

Уредбата предвидува компаниите кои поради епидемијата со корона вирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработените и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата.

Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сумa, а работодавецот 60 отсто.

Оваа одлука важи за самовработените, кои во Словенија се многу.