Прв смртен случај од коронавирус во Москва


Во Москва починала повозрасна жена кај која бил дијагностициран коронавирус. имала 79 години и била хоспитализирана на 13 март. Прво се лекувала во приватна болница, а потоа била пренесена во државна болница за заразни болести. Во московската болница за заразни болести пациентката примала сложена респираторна терапија и била во изолација. Оваа 79-годишна старица исто така имала […]

 Младите не се толку отпорни на коронавирусот колку што се веруваше


Последните податоци од Европа и САД покажуваат дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше. Според податоците на компанијата Статиста, покажуваат дека речиси четвртина од приближно 28.000 заразени во Италија, се на возраст од 19 до 50 години, пренесува Блумберг. Податоците на американскиот Центар за […]

Царовска се заблагодари до Комерцијална банка за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата


Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодарува на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година. Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерката, Комерцијална банка уплатата ја направи предвреме имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозноста и опасноста […]

Се подготвува поголемо присуство на војската


 До вчера единствен дополнителен ангажман на војската беше во кризните региони Дебар и Центар Жупа каде што Армијата целосно ја презеде границата со Албанија, но по воведувањето на вонредна состојба претседателот потпиша одлука за ангажирање на Армијата како поддршка на другите институции, пред се на полицијата. Ние веќе од денеска развиваме сценарија за многу поинтензивно […]

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава


Онлајн-настава за студентите  од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот. Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше средба со  ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети,  проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. […]

ЕК ќе создава итна помош за медицинска опрема


Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, денеска најави дека европските служби ќе го прилагодат механизмот за поддршка за да вклучува и медицинска опрема, јави дописничката на МИА од Брисел. Станува збор за ‘rescEU’ алатка, која од сега ќе создава резерви на лична медицинска опрема како маски и ракавици, но и друг вид на медицинска опрема […]

Ако се затворат судовите, ќе се сопрат и роковите?


Судењата што не се нужни препорачавме да не се спроведуваат со цел да се намали протокот на луѓе во судовите. Очекуваме дека таа препорака , судовите ќе си ја почитуваат, порача денеска министерката за правда Рената Дескоска. Околу можноста пак, поради кризата, некои од судските постапки да застарат, Дескоста одговори дека во некои земји се […]

Урсула фон дер Лајен ќе биде тестирана за коронавирус


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде тестирана за новиот вирус, предизвикувач на болеста Ковид-19, откако претходно денеска главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија за Брегзит,  Мишел Барние, самиот потврди дека е заразен. Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, јавија агенциите. Тој забележа дека засега Фон дер Лајен нема никакви […]

Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина


Банките почна консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот. -Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат бакарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива […]

ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања


Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата. Во таа насока се координирани сите потенцијали за спречување на ширење на корона вирусот. Во референтините лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на Ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат […]

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање


Стокови резерви имаме доволно, обезбедени сме за повеќе од шест-седум месеци, но граѓаните треба да знаат дека во овој момент немаме потреба ниту од активирање на механизмот на стоковите резерви, ниту на што било друго, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата по повод вонредната состојба. Тој појасни дека транспортот на стоки е […]

Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници


Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна средба со новинарите, апелираше до централната власт да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во градот. -Вчера се тестирани 19 лица при што тројца од нив се позитивни на коронавирус. Имам информации дека тројцата се здравстени работници.Затоа оценуваме дека здравствените работници не […]

Стигнале 5.000 нови пасоши


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев соопшти дека во текот на денешниот ден треба да пристигнат  5.000 обрасци за пасоши, а до 24 март ќе заврши набавката на останатите 140.000 обрасци. Иако никој не може да излезе од државата во моментов и иако работата на институциите е замрена, ова е најава дека ќе почне да […]

МВР чува 2.268 лица со наредби за самоизолација


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата, при што соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 2.268 лица кои се во самоизолација, од кои 1.000  во Скопје. „ Да се пријавува секое непочитување на препораките за […]

НБ и МФ: Банкарскиот систем е стабилен


Народната банка и Министерството за финансии координирано ги следат состојбите во економијата и потенцијалните ризици заради соодветно делување, информираат од Народната Банка на Република Северна Македонија. Во соопштението на Народна Банка, се вели дека денеска се одржала електронска седница на Комитетот за финансиска стабилност – меѓуинституционално тело за следење на состојбите во финансискиот систем во […]

200 мртви во еден ден во Шпанија од Ковид-19


Министерството за здравство на Шпанија во четвртокот соопшти дека бројот на починати од епидемијата на корона вирус порасна за 209 во однос на претходниот ден и сега вкупниот број жртви изнесува 767. Вкупниот број на случаи на корона вирусот се искачи на 17,147 во четвртокот. Во средата, во Шпанија имало 13.716 случаи.

За Александар Николоски се што прави Владата е смешно и недоволно


Има најави за отпуштања на огромен број  вработени -тврдеше денеска апокалиптички потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција. За него се што прави Владата околу епидемијата со корона вирусот е или смешно или презадоцнето, дека не учат (од советите на ВМРО-ДПМНЕ), дека се неспособни и дека се што прават сега требало да направат пред еден […]

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот


Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој  колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри. – Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот, истакна Бруинс во […]

Германската економија ќе падне меѓу 4,5 и 9 отсто во 2020 година


Институтот IfW во Германија во четвртокот ја ревидираше прогнозата за раст во 2020 година за најголемата економија во Европа, како резултат на појавата на корона вирусот, предвидувајќи бруто домашниот производ да се намали меѓу 4,5 и девет отсто оваа година.

(Во живо) Прес-конференција на министерот за образование и наука Адеми


Министерот за образование и наука, Арбер Адеми заедно со проф. д-р Никола Јанкуловски – претседател на Интеруниверзитетска конференција и проф. д-р Томе Неновски претседател на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.