Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина

Банките почна консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот.

-Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат бакарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива од аспект на изложеност на вирусот. Поради тоа од вчера започнавме интензивна комуникација со Владата за изнаоѓање начин за безбедна исплата на пензијата на сите пензионери кои ќе сакаат да ја подигнат својата пензија во готовина, рече Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Таа додаде дека за изнајденото решение дополнително ќе информираат.